| Macedonian
ВОЈНА ВО ГАЗА
2 мин читање
Израелската армија уби уште тројца Палестинци, проширувајќи ja окупација во централна Газа
Израелските возила поместија бетонски блокови што ја означуваат „Жолтата линија“ околу 150 метри западно, проширувајќи ги областите под окупација северно од мостот Вади Газа, велат очевидци
Израелската армија уби уште тројца Палестинци, проширувајќи ja окупација во централна Газа
Жолтите бетонски блокови ја означуваат „жолтата зона“ под израелска воена контрола / Reuters

Израелската армија уби уште тројца Палестинци, вклучувајќи едно дете, и рани други во најновите прекршувања на прекинот на огнот во Газа, додека нејзините сили продолжуваат да ги прошируваат областите под окупација на територијата, велат медицински извори и сведоци.

Изворите велат дека во израелски напад со беспилотно летало биле погодени цивили на улицата Ал-Барака во Деир ал-Балах во централна Газа, при што загинале три лица, а други биле ранети.

Уште две лица биле повредени од израелско артилериско гранатирање врз областа Ал-Салатин во Беит Лахија во северна Газа, додаваат изворите.

Одделно, неколку израелски воени возила напредувале по улицата Салах ал-Дин во бегалскиот камп Нусејрат, користејќи огнено оружје и артилериско гранатирање, велат очевидци.

Израелските возила ги поместиле бетонските блокови што ја означуваат „Жолтата линија“ околу 150 метри западно, проширувајќи ги областите под израелска окупација северно од мостот Вади Газа во централна Газа, додадоа тие.

Геноцидот на Израел во Газа

Израелската армија е распоредена по она што е познато како „Жолта линија“, таканаречен „безбедносен појас“ наметнат од Израел во Газа. На Палестинците им е забрането да се приближуваат до овие области, додека Израел окупира повеќе од 70 проценти од енклавата.

Во среда, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека армијата контролира околу 70 проценти од Газа и покрај договорот за прекин на огнот.

Во јужна Газа, израелската армија сруши објекти и згради североисточно од Кан Јунис, а Палестинците пријавија звук од огромна експлозија предизвикана од уривањето. Експлозијата се совпадна со силен оган од израелски возила стационирани источно од градот, заедно со артилериско гранатирање.

Израелските воени возила, исто така, отворија оган кон шаторите во кои се сместени раселените Палестинци во областа Ал-Маваси северозападно од Рафах во јужна Газа. Нема пријавени жртви.

Според палестинското Министерство за здравство во Газа, во израелските прекршувања на прекинот на огнот се убиени 1.041 Палестинец, а ранети 3.372 други од 10 октомври 2025 година.

Вкупно, повеќе од 73.000 Палестинци се убиени, а над 173.000 се ранети од почетокот на израелскиот геноцид во Газа на 8 октомври 2023 година, додека широкото уништување влијаело на 90 проценти од цивилната инфраструктура.

Повеќе
Арагчи: Иран е единствено одговорен за повторното отворање на Ормускиот Теснец
СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
Израел го преименува планот за раселување на жителите на Газа по критиките за присилно раселување
Сирија ги осуди израелските упади и гранатирања на јужниот дел на земјата
Куртулмуш: Прекинот на израелската агресија клучен за обезбедувањето светски мир
Кси му вети на Лукашенко континуирана развојна помош за Белорусија
Дефиле на бебиња во колички и мајки низ велешките улици
Пакистан објави дека убил 29 милитанти во операции долж границата со Авганистан
Северна Кореја ја осудува заедничката воена вежба на САД и Јапонија
Бројот на загинати во земјотресите во Венецуела се искачи на 1.450, над 46.000 лица се исчезнати
Кина стави 20 јапонски субјекти под извозна контрола
Туркије: Израел ги користи настаните од 1915 година за прикривање на злосторствата во Газа
Иран и САД постигнаа договор по нападите: Oрмуз е отворен, преговорите продолжуваат
Четиривековниот пазар на зачини во Истанбул секој ден пречекува по 60.000 посетители
Ротирачката врата на Даунинг стрит: Излезот на Стармер и десетгодишната цена од Брегзит