| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Врховниот суд ја укина пресудата за несреќата кај Ласкарци и случајот го врати на повторно судење
Според Врховниот суд, со одлуката се укинати пресудите на Основниот кривичен суд Скопје и на Апелациониот суд Скопје бијејќи во постапката пред пониските судови имало процесни недостатоци
Врховниот суд ја укина пресудата за несреќата кај  Ласкарци и случајот го врати на повторно судење
Во несреќата на автобус на Дурмо турс на 13 февруари 2019 година, на автопатот Скопје-Тетово, загинаа 16 лица, а 30 беа повредени

Врховниот суд ја укина пресудата на Апелациониот суд Скопје за автобуската несреќа кај Ласкарци со која беа зголемени казните на дел од обвинетите и предметот го врати на повторно постапување и одлучување.

Одлуката е донесена на седницата на Советот за казниви дела на 9 септември, а со неа се укинати пресудите на Основниот кривичен суд Скопје и на Апелациониот суд Скопје. Според Врховниот суд, во постапката пред пониските судови имало процесни недостатоци.

Практично, со укинувањето на правосилната пресуда, осудените повеќе немаат правна основа да ги продолжат казните според досегашната одлука и излегуваат од затвор до повторното судење.

Несреќата се случи на 13 февруари 2019 година на автопатот Скопје-Тетово, кај селото Ласкарци. Автобус на „Дурмо турс“, со 55 патници, излетал од патот и се превртел. Во несреќата загинаа 16 лица, а 30 беа повредени.

Во првостепената пресуда беа осудени шест лица. Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, и одговорниот за транспорт во компанијата, Ремзи Мифтари, првично добија по шест и пет години затвор. По жалба на обвинителството, Апелациониот суд во мај 2025 година ги зголеми казните на 10 години за Белули и Мифтари.

Вработените во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски и Горан Дуковски добија по седум години затвор, додека Јане Боваровски беше осуден на пет години. Возачот Маноил Трифуновски доби 14 години затвор.

Според досегашната пресуда, Белули и Мифтари не ги почитувале прописите за безбедност и дозволиле технички неисправен автобус да биде пуштен во сообраќај. Ѓорѓиевски, Дуковски и Боваровски, пак, биле одговорни за техничкиот преглед и дозволиле автобусот да помине иако бил неисправен.

За возачот Трифуновски било утврдено дека знаел за неисправноста на автобусот, но сепак го управувал возилото. Според пресудата, тој поради невнимание удрил во металната ограда покрај патот, по што автобусот се превртел.

Деталите за причините поради кои Врховниот суд ја укинал пресудата ќе бидат познати по објавувањето на целосната одлука.

Со тоа, една од најтешките сообраќајни трагедии во земјава повторно се враќа пред првостепениот суд, повеќе од седум години по несреќата.

Повеќе
Малолетен напаѓач убиен по нападот на полицаец пред израелската амбасада во Белград
Усогласување со ЕУ: Црна Гора воведува нови правила за влез во земјата од 1 ноември
Нови обвиненија за Пулс: Контролори од УЈП зеле рачен часовник и очила поткуп од синот на газда Деко
Во голем број општини сè уште не се формирани совети за превенција на детско престапништво
Tрансплантација на бубрег од мајка на дете со Алпортов синдром за првпат изведена во земјава
Мицкоски: Да бидеме земја во која трудот се почитува, а работата обезбедува достоинствен живот
Бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува непроменета
Курти: Резултатите на Aлбанците на изборите во Србија се инзвонредно достигнување
Србија: Студентската листа освои мнозинство во Собранието на Србија
Во Србија затворени избирачките места по изборниот ден одбележан со речиси рекордна излезност
Предвремени парламентарни избори во Србија: Повеќе од шест милиони гласачи избираат 250 пратеници
Сали: Европа треба да биде поблиску до нашите граѓани преку конкретни резултати
Денеска почнува зимското сметање на времето
Грчкиот парламент ја забрани употребата на социјалните медиуми од страна на деца под 15 години
Бугарија во недела избира претседател
Србија: Изборен молк од полноќ, победа очекуваат и студентите и Вучиќ
Сиљановска-Давкова: Нашиот долг кон предците е да градиме праведна и просперитетна држава
Мицкоски: Не отстапуваме од националните интереси, но и од тоа да бидеме дел од европското семејство
Мерц смета дека Црна Гора е блиску до скоро приклучување кон ЕУ
Клековски: Годинава извршени 15 трансплантации на бубрег, до крајот на годината планирани уште три