Претседателката Сиљановска-Давкова ќе учествува на Дипломатскиот форум во Анталија

„Денеска – 16 април, во Истанбул, пред официјалниот почеток на форумот, Сиљановска-Давкова ќе оствари билатерална средба со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган“, се вели во соопштението.

By
Сиљановска - Давкова / TRT Balkan MK

Претседателката на Република Северна Македонија Гордана Сиљановска-Давкова ќе престојува во работна посета на Република Туркије, по повод учеството на петтото издание на Дипломатскиот форум во Анталија, коешто се одржува од 17 до 19 април на тема „Мапирање на иднината, управување со неизвесностите“, соопштија од претседателскиот кабинет.

„Денеска – 16 април, во Истанбул, пред официјалниот почеток на форумот, Сиљановска-Давкова ќе оствари билатерална средба со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган“, се вели во соопштението.

Во петок – 17 април, Сиљановска-Давкова ќе се обрати на „Лидерскиот панел“ на Дипломатскиот форум во Анталија, којшто ќе го модерира Мевлут Чавушоглу, поранешен министер за надворешни работи, пратеник во Големото национално Собрание (ТБММ) и шеф на турската делегација во ПС на НАТО. Останати учесници на панелот се: претседателот на Казахстан, Касим-Жомарт Токаев, премиерот на Пакистан, Мухамад Шехбаз Шариф, премиерот и министер за надворешни работи на Катар, шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани и премиерот на Грузија, Иракли Кобахиѕе.

„На 5. Дипломатски форум во Анталија, којшто е во организација на Министерството за надворешни работи на Република Туркије, под покровителство на претседателот Реџеп Таип Ердоган, се најавени учесници од 155 земји, меѓу кои 21 шеф на држава и влада, 61 министер, како и десетици парламентарци“, се додава во соопштението.