| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Северна Македонија и Косово потпишаа меморандум за соработка во јавната администрација
Со потпишаниот Меморандум се предвидува соработката да се развива преку заеднички обуки, размена на експерти и обучувачи, развивање програми за унапредување на стручните и раководните вештини
Северна Македонија и Косово потпишаа меморандум за соработка во јавната администрација
Министерот Минчев рече дека зад секоја институција стојат луѓето и дека токму нивните компетенции и професионализам ја прават разликата

Зајакнување на билатералната соработка, размена на експертски знаења и добри практики и унапредување на професионалните капацитети на институциите беа во фокусот на билатералната средба меѓу министерот за јавна администрација, Горан Минчев, и министерот за дигитализација и јавна администрација на Република Косово, Лулезон Јагџиу. 

Средбата, одржана на маргините на меѓународната конференција „Косово ПАР 2026“ во Приштина, резултираше со потпишување Меморандум за соработка, со кој се отвора простор за поконкретно партнерство меѓу двете министерства.

Двајцата министри ја истакнаа важноста од воспоставување директна институционална комуникација и поврзување на експертските капацитети, со цел разменетото знаење да се преточи во применливи решенија.

„Соработката меѓу институциите има вистинска вредност кога знаењето се споделува, искуството се претвора во конкретни решенија, а придобивките ги чувствуваат граѓаните. Верувам дека Македонија и Косово имаат простор за уште поблиско партнерство, преку кое ќе ги разменуваме успешните практики, ќе учиме едни од други и ќе отвораме нови можности за професионално унапредување. Нашата цел е институции што работат поефикасно, постапуваат професионално и им овозможуваат на граѓаните поквалитетни услуги“ истакна министерот Минчев.

Со потпишаниот Меморандум се предвидува соработката да се развива преку заеднички обуки, размена на експерти и обучувачи, развивање програми за унапредување на стручните и раководните вештини.

Дополнителен простор за соработка се отвора во управувањето со човечките ресурси, како и преку заеднички проекти и регионални иницијативи.

Со ова партнерство, Македонија и Косово ја потврдуваат определбата за градење посилни институционални врски и споделување знаења во интерес на поквалитетното функционирање на јавната администрација.

Бидејќи вистинската вредност на меѓуинституционалната соработка се мери преку конкретните придобивки за граѓаните, навремени услуги, професионален однос и поедноставни, поефикасни постапки.


Повеќе
Првите дипломати на Иран и Јордан разговараа за напорите за прекин на војната со САД
Медиумски групи бараат транспарентност од ЕК во истрагата за документите за Газа
Води коалицијата на Нетанјаху, но се уште нема мнозинство
Египет, Саудиска Арабија и ОАЕ разговараа за смирување на тензиите со турско посредство
Малолетен напаѓач убиен по нападот на полицаец пред израелската амбасада во Белград
Хонг Конг го суспендира увозот на производи од живина од делови на Данска и САД
Лидер на опозициска партија повика на бунт во Ликуд против Нетанјаху
Ниту Нетанјаху, ниту Ајзенкот не се на пат да обезбедат мнозинство во Кнесетот со 120 пратенички
Усогласување со ЕУ: Црна Гора воведува нови правила за влез во земјата од 1 ноември
Политико: ЕУ поделена околу „придружното членство“ за Канада пред самитот во Монтреал
Ушаков: Путин го покани Зеленски на разговори во Москва, му ја гарантира неговата безбедност
Ердоган претседаваше со состанокот за сајбер безбедност на тема дигитален суверенитет и закани од ВИ
Средба Путин-Пезешкијан: Москва ги исполнува обврските во рамките на сите проекти со Техеран
Ердоган повика на посилно раководство во ОН за време на разговорот со Макрон и го покани на КOП31
Путин за гасот и санкциите на ЕУ: Кој копа јама под другите, самиот паѓа во неа