Дербито меѓу Фенербахче и Галатасарај заврши без победник
Лерој Сане му донесе водство на Галатасарај со фантастичен гол во 27. минута од натпреварот, но во петтата минута од судиското продолжение, Колумбиецот Џон Дуран го постигна израмнувачкиот гол за домаќините
Фудбалерите на Фенербахче и Галатасарај ремизираа со резултат 1:1 во секогаш возбудливото вечно турско дерби што се одигра во понеделник во рамките на 14. коло од турската Супер лига на стадионот Чобани во Истанбул.
Големото дерби на турскиот фудбал повторно беше полно со драма и возбуда, а беше решено во самиот финиш од натпреварот.
Лерој Сане беше на секунди од тоа да биде херој откако му донесе водство на Галатасарај со фантастичен гол во 27. минута од натпреварот.
Во петтата минута од судиското продолжение, Колумбиецот Џон Дуран го постигна израмнувачкиот гол.
Галатасарај останува лидер на табелата во Супер лигата со 33 бода, додека лутиот ривал Фенербахче е втор со бод помалку.