| Macedonian
СПОРТ
2 мин читање
Манчестер Јунајтед го отпушти Карик
По разочарувачкиот почеток на сезоната, клубот дојде до исклучително тежок заклучок дека е потребна промена за да ги оствариме нашите амбиции, Мајкл е, и секогаш ќе биде легенда на Манчестер Јунајтед, соопштија од клубот
Манчестер Јунајтед го отпушти Карик
Во 32 натпревари на клупата за „Црвените ѓаволи“, Карик оствари 15 победи, осум нерешени и девет порази / AFP (Wire)

Манчестер Јунајтед го отпушти Мајкл Карик откако тимот падна на 18. место во Премиер лигата по неделното реми со Астон Вила, објави клубот од Олд Трафорд.

„По разочарувачкиот почеток на сезоната, клубот дојде до исклучително тежок заклучок дека е потребна промена за да ги оствариме нашите амбиции. Мајкл е, и секогаш ќе биде, легенда на Манчестер Јунајтед. Исто како што беше како играч, тој се однесуваше според највисоките стандарди на посветеност и професионализам за време на неговото враќање во клубот. Неговото лидерство и достигнувања минатата сезона секогаш ќе се паметат со задоволство“, соопшти Јунајтед.

Керик се приклучи на Јунајтед во јануари како привремено решение, но клубот му го продолжи договорот по добриот почеток.

Во 32 натпревари на клупата за „Црвените ѓаволи“, тој постигна 15 победи, осум нерешени и девет порази.

Под негово водство, Јунајтед минатата сезона имаше низа одлични резултати, вклучувајќи победи во дерби натпреварите против Манчестер Сити (2:0), Арсенал на гости (3:2) и Ливерпул (3:2), и самоуверено обезбеди место меѓу првите три екипи во лигата.

Сепак, оваа сезона донесе голем и донекаде необјаснив пад, по првите 10 одиграни кола, Јунајтед има само осум бода, а во октомври и ноември има црна серија од девет последователни лигашки и куп натпревари без победа, што е најлошата таква серија од сезоната 1988/1989.

Според медиумските извештаи, „Црвените ѓаволи“ веќе некое време имаат постигнато личен договор со аргентинецот Маурисио Покетино, кој е селектор на репрезентацијата на САД со договор до средината на 2030 година и има откупна клаузула од околу девет милиони евра.

Повеќе
Кралот Чарлс ги повика учесниците на КОП31 да ги преточат климатските обврски во конкретни акции
Најмалку шестмина Палестинци убиени во изралески напад врз болница во Газа
„Акинџи“ тестира муниција за продир во бункери под електронска блокада
Мицкоски: Ваква глобална енергетска криза немало досега, но поскапувања на струјата кај нас ќе нема
Кабинетот за безбедност на Израел ќе се состане поради можен нов напад врз Иран
Пезешкијан од КОП31: Американско-израелската војна против Иран ослободила 1,5 милиони тони ЦO2
Маск вели дека би било „чест“ да го вработи извршниот директор на Нвидиа, Џенсен Хуанг
Емине Ердоган: Глобалната алијанса Нула отпад да ги претвори локалните решенија во светска акција
Бернам од КОП31: Чистата енергија е единствениот пат до енергетска безбедност
Туркије регистрираше 102 производи со географска ознака во првите 10 месеци од 2026 година
Курум од КОП31 предупредува: Ниту една земја не може сама да се соочи со климатската криза
Папата Лав XIV започнува значајна посета на Перу, по емотивното заминување од Аргентина
Туркије ги осудува израелските изјави упатени кон претседателот Ердоган како „гнасна и дрска клевета
Турскиот претседател се сретна со лидерите на Босна и Херцеговина во Анталија
Медински: Москва и Киев се приближиле кон мир по трилатералните разговори во Абу Даби