Лига на шампиони: ПСЖ, Реал, Атлетико и Јувентус не обезбедија директен пласман во осминафиналето

Меѓу најдобрите осум ги нема најтрофејниот европски клуб Реал Мадрид кој загуби со 4:2 на гости кај Бенфика, а извиси и актуелниот европски првак ПСЖ, кој на свој терен одигра 1:1 со Њукасл

By
Арсенал е единствената екипа која победи во сите осум натпревари од лигашкиот дел на Лигата на шампиони / Reuters

Арсенал, Баерн Минхен, Ливерпул, Тотенхем, Барселона, Челзи, Спортинг и Манчестер по одиграното последно, осмо коло од лигашкиот дел во Лигата на шампиони завршија на првите осум места на табелата и оебзбедија директен пласман во осминафиналето на елитното натпреварување на УЕФА.

Меѓу најдобрите осум ги нема најтрофејниот европски клуб Реал Мадрид кој загуби со 4:2 на гости кај Бенфика и на тој начин падна на деветото место на табелата. Извиси и актуелниот европски првак ПСЖ, кој на свој терен не успеа да го победи Њукасл (1:1) и на крајот парижани завршија на 11. позиција.

Меч од 16-финалето ќе мора да играат и Интер, Јувентус и Атлетико Мадрид. Јорганџиите од Мадрид дома загубија од Бодо/Глимт со 2:3 и испаднаа од Топ 8, а интересно е дека Бодо/Глимт како дебитант во ова натпеварување се избори за 23-тата позиција и ќе игра во нокаут фазата.

Интер славеше со 0:2 во Дортмунд, а Јувентус и Монако одиграа без голови.

Настапот во ЛШ ја завршија тимовите пласирани од 25. до 36. позиција, меѓу кои Наполи, ПСВ, Ајакс, Марсеј.

Резултати од последното коло:

Ајакс-Олимпијакос 1:2, Арсенал-Каират 3:1, Алтетик Билбао- Спортинг 2:2, Атлетико Мадрид-Бодо/Глимт 1:2, Барселона-Копенхаген 4:1, Баер Леверкузен-Вилјареал 3:0, Бенфика-Реал Мадрид 3:2, Борусија Д.- Интер 0:2, Бриж-Олимпик Марсеј 3:0, Ајнтрахт Франкфурт- Тотенхем 0:2, Ливерпул-Карабах 6:0, Манчестер сити-Галатасарај 2:0, Монако-Јувентус 0:0, Наполи- Челзи 2:3, Пафос- Славија Прага 4:1, ПСЖ- Њукасл 1:1, ПСВ Ајндховен- Баерн Минхен 1:2, Ројал Унион- Аталанта 1:0.

Табела

1. Арсенал 8 8 0 0 23-3 24

2. Баерн Минхен 8 7 0 1 22-8 21

3. Ливерпул 8 6 0 2 20-8 18

4. Тотенхем 8 5 2 1 17-7 17

5. Барселона 8 5 1 2 22-14 16

6. Челзи 8 5 1 2 17-10 16

7. Спортинг 8 5 1 2 17-11 16

8. Ман. Сити 8 4 1 2 15-9 16

------------------------------------------------------------

9. Реал Мадрид 8 5 0 3 21-12 15

10. Интер Милан 8 5 0 3 15-7 15

11. ПС Ж 8 4 2 2 21-11 14

12. Њукасл 8 4 2 2 17-7 14

13. Јувентус 8 3 4 1 14-10 13

14. Атлетико М. 8 4 1 3 17-15 13

15. Аталанта 8 4 1 3 10-10 13

16. Баер Л. 8 3 3 2 13-14 12

17. Борусија Д. 8 3 2 3 19-17 11

18. Олимпијакос 8 3 2 3 10-14 11

19. Клуб Бриж 8 3 1 4 15-17 10

20. Галатасарај 8 3 1 4 9-11 10

21. Монако 8 2 4 2 8-14 10

22. Карабаг 8 3 1 4 13-21 10

23. Бодо/Глимт 8 2 3 3 14-15 9

24. Бенфика 8 3 0 5 10-12 9

-------------------------------------------

25. Марсеј 8 3 0 5 11-14 9

26. Пафос 8 2 3 3 8-11 9

27. Ројал Унион 8 3 0 5 8-17 9

28. ПСВ 8 2 2 4 16-16 8

29. Атлетик 8 2 2 4 9-14 8

30. Наполи 8 2 2 4 9-15 8

31. Копенхаген 8 2 2 4 12-21 8

32. Ајакс 8 2 0 6 8-21 6

33. Ајнтрахт 8 1 1 6 10-21 4

34. Славија П. 8 0 3 5 5-19 3

35. Виљареал 8 0 1 7 5-18 1

36. Каират 8 0 1 7 7-22 1