| Macedonian
Илон Маск ја лансираше Грокипедија како алтернатива на Википедија
„Знаењето на Википедија е – и секогаш ќе биде – човечко“, соопштија од фондацијата, додавајќи дека „компаниите за вештачка интелигенција зависат од нашиот отворен и колаборативен модел“
Илон Маск ја лансираше Грокипедија како алтернатива на Википедија
Илон Маск ја лансираше Грокипедија како алтернатива на Википедија / Public domain

Американскиот бизнис-магнат Илон Маск вчера ја претстави Грокипедија, онлајн енциклопедија базирана на вештачка интелигенција, за која тврди дека ќе биде алтернатива на Википедија, јавува Анадолу.

Технолошкиот милијардер ја најави платформата овој месец на својата социјална мрежа X, објаснувајќи дека создавањето на енциклопедија базирана на вештачка интелигенција ќе биде „пресудно за цивилизацијата“ и „клучно за разбирање на универзумот“.

Маск изјави дека почнал да ја развива Грокопедија минатиот месец, по препорака на неговиот сојузник Дејвид Сакс – технолошки инвеститор и поранешен советник за вештачка интелигенција и криптовалути во администрацијата на Доналд Трамп – кој го охрабрил да создаде конзервативна алтернатива на непрофитната енциклопедија.

За разлика од Википедија, која се потпира на мрежа од волонтери уредници, Грокипедија користи автоматизиран систем – нејзините статии ги прегледува четботот Грок, создаден од компанијата xАИ на Маск.

Корисниците можат само да предложат исправки, но не и директно да уредуваат содржини.

Иако Маск вети дека Грок ќе престане да се потпира на Википедија до крајот на годината, многу од статиите сè уште содржат оградување дека нивната содржина е „адаптирана од Википедија, под лиценца Creative Commons Attribution-ShareAlike 4.0“.

„Дури и на Грокипедија ѝ е потребна Википедија за да постои“

Раните споредби покажуваат значителни пропусти.

На пример, страницата на Доналд Трамп во Грокипедија ги изоставува контроверзиите наведени на Википедија, додека биографијата на самиот Маск не го споменува инцидентот со нацистички поздрав на митинг во јануари, кој „многу историчари и политичари го осудија“.

Фондацијата „Викимедија“, која ја управува Википедија, објави дека внимателно го следи развојот на новата платформа.

„Знаењето на Википедија е – и секогаш ќе биде – човечко“, соопштија од фондацијата, додавајќи дека „компаниите за вештачка интелигенција зависат од нашиот отворен и колаборативен модел.“

„Дури и на Грокипедија ѝ е потребна Википедија за да постои“, нагласија тие.

Со 885.000 статии во својата прва (0.1) верзија, Грокипедија влегува во онлајн просторот во кој Википедија – со над 7,1 милион статии на англиски јазик и статус на една од најпосетуваните веб-страници во светот – веќе две децении ја симболизира идејата за слободен и непрофитен интернет.

Повеќе
Можат ли украинските напади со дронови да предизвикаат криза со гориво во Русија?
Извонредна приказна за турските воени заробеници кои ја преобликуваа воената доктрина на НАТО
Што се санкциите од КAATСA и како нивното укинување ќе биде од корист за Туркије?
Можат ли САД и Иран да се вратат на преговорите откако Трамп изјави дека прекинот на огнот е завршен
Вучиќ ќе поднесе оставка неколку дена по објавувањето на парламентарните избори
ТУРКСОЈ во Скопје ги промовира туркиските земји, туркискиот свет и туркиската култура
Емине Ердоган со сопругите на лидерите на НАТО на дискусија за децата, технологијата и безбедноста
Продажбата на американски мотори за турскиот авион КААН ќе продолжи, Конгресот не ја блокираше
Во Собранието одбележан Меѓународниот ден на геноцидот во Сребреница
Калас и Кос на 31-годишнината од геноцидот во Сребреница: Нема место за негирањед на геноцидот
САД привремено ги запреа нападите врз Иран за да остават простор за дипломатија
ЕБОР инвестираше 1,2 милијарди евра во Туркије во првата половина на 2026
Севернокорејскиот премиер Пак пристигна во Кина за годишнината од договорот
Франција за првпат ќе го активира планот за вонредни состојби поради екстремна топлина
Демонстранти во Словенија бараат повлекување од НАТО и воведување санкции против САД и Израел