| Macedonian
ПОЛИТИКА
3 мин читање
Зеленски: Русија бара повлекување на Украина од Донбас во рок од два месеци
Русија сега ѝ поставува нови услови на американската страна, наведувајќи дека ќе го окупираат источниот дел од нашата земја за два месеци, поточно Донбас, и дека Украина има тој рок да се повлече, рече Зеленски
Зеленски: Русија бара повлекување на Украина од Донбас во рок од два месеци
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пак, рече дека Зеленски требало да донесе одлука за повлекување на од Донбас уште „вчера“ / Reuters
1 април 2026

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија наводно сака Украина да ги повлече своите сили од Донбас во рок од два месеци, тврдејќи дека по тоа војната би можела да заврши, дознава Укринформ.

„Русија сега ѝ поставува нови услови на американската страна, наведувајќи дека ќе го окупираат источниот дел од нашата земја за два месеци, поточно Донбас, и дека Украина има тој рок да се повлече. Доколку Украина не се повлече, Русија планира понатамошни окупации и нови услови“, рече Зеленски.

Претседателот на Украина нагласи дека, според него, вистинската цел на Русија не е само Донбас, туку пошироки планови што се кријат зад ултиматумот.

Тој додаде дека руската страна добро разбира дека нема да може да го окупира регионот во предвидениот рок, поради што прибегнува кон притисок врз своите партнери.

Тој, исто така, истакна дека Украина е подготвена за компромис и прекин на огнот на позициите што ги држи, како дел од дипломатскиот пристап.

Зеленски изрази сомнеж дека Русија планира општа мобилизација во блиска иднина, иако немаше целосни информации за ова прашање.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пак, рече дека Зеленски требало да донесе одлука за повлекување на украинските од Донбас, не денеска, туку „вчера“.

„Што се однесува до два месеци, не станува збор за два месеци. Зеленски уште денес треба да донесе одлука украинските трупи да го напуштат Донбас и да ја преминат административната граница на Донецката Народна Република. Ова е кажано многу пати“, изјави Песков, одговарајќи на новинарско прашање дали имало услови што Москва му ги дала на Киев за повлекување.

Песков истакна дека Зеленски требало да донесе таква одлука „вчера“.

„Како што разговаравме, треба да се преземе одговорност и да се донесе толку тешка одлука. Ова би можело да ги спаси животите на многу луѓе. И, најважно, да се помогне да се запре жешката фаза од оваа војна“, додаде Песков.

Според него, паузата во трилатералните преговори за украинското решение е последица на фактот дека американските преговарачи се преокупирани со ситуацијата на Блискиот Исток.

„Паузата во трилатералните преговори за Украина не е поврзана со очекувањето за исполнување на условите за повлекување на украинските вооружени сили од територијата на Донбас“, додаде тој.

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека неговите сили ја презеле целосната контрола врз регионот Луганск во источна Украина, објави државната новинска агенција РИА.

Повеќе од 99 проценти од Луганск, еден од четирите украински региони што Русија ги прогласи за свои во 2022 година, потег што Киев и повеќето западни земји го отфрлија како нелегално територијално присвојување, долго време е под руска контрола.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили ја презеле и контролата врз селата Верхња Писаривка во регионот Харков и Бојкове во регионот Запорожје во југоисточна Украина.

Повеќе
Кац: Примирјето со Хезболах е привремено, мисиите во Либан ќе бидат завршени
Песков: Директното учество на ЕУ во конфликтот со Украина се зголемува, тоа ќе има последици
Стармет бесен бидејќи скандалот „Менделсон-Епштајн“ се продлабочува
Ал Шара: Сирија бара договор што ќе го гарантира повлекувањето на Израел до границите од 1974 година
Хезболах бара запирање на израелските операции во согласност со договорот за прекин на огнот
Тајани: Кина да ја поттикне Русија да ја заврши војната во Украина
Барак: Сирија е квантен дипломатски потег што никој не го очекуваше
Сиљановска-Давкова: Балканот отсекогаш бил историски, географски и културно дел од Европа
Макрон: Со воени дејствија ќе се наруши договорот за примирје меѓу Хезболах и Израел
Започна петтото издание на Форумот за дипломатија во Анталија
Трамп: Се надевам дека Хезболах ќе го почитува примирјето
Фидан се сретна со сирискиот претседател Ал-Шара во Анталија
Амбасадорот на Иран во ОН ја нарече блокадата на САД „чин на агресија“
Трамп: Израел и Либан се согласија на 10-дневен прекин на огнот
Средба Ердоган-Сиљановска Давкова во Истанбул
Воениот злосторник Ратко Младиќ претрпел мозочен удар во затворот во Хаг
Министерот Зукорлиќ во официјална посета на Северна Македонија
Кина ги отфрли заканите на САД за секундарни санкции за иранската нафта
Претседателката Сиљановска-Давкова ќе учествува на Дипломатскиот форум во Анталија
Левица ја обвини Владата на Мерц дека ја подгрева војната во Иран