Раст на онлајн трансакциите од 30% во првите девет месеци од 2025 година
Раст на онлајн трансакциите од 30% во првите девет месеци од 2025 годинаВо првите три квартали од 2025 година вредноста на вкупните трансакции направени кон е-продажни места од дома и во странство, како и од иматели на странски картички изнесува 42.626,6  милиони денари или 693,1 милиони евра
Раст на онлајн трансакциите од 30% во првите девет месеци од 2025 година / AA

Во првите девет месеци годинава реализирани онлајн трансакции вредни 693,1 милиони евра, што е раст од 30 проценти споредено со минатата година, објави Асоцијацјата за е-трговија на Македонија АЕТМ.

Со македонски картички кон македонски е-трговци се реализирале 338,5 милиони евра, остварен пораст од 18 проценти. Бројот на реализирани трансакции од Македонци кон странски е-трговци се зголемил за 63,2 проценти, додека вредноста за 45 проценти.  Просечната трансакција на Македонците кон странските е-трговци се намалила за 11,3 проценти.

Асоцијацијата за е-трговија ги анализираше најновите објавени податоци за трансакции на места на продажба за е-трговија на Народната банка на Република Северна Македонија, согласно кои, како што информираат, може да се забележи дека во првите три квартали од 2025 година вредноста на вкупните трансакции направени кон е-продажни места од Македонци дома и во странство, како и од иматели на странски картички изнесува 42.626,6  милиони денари или 693,1 милиони евра, што преставува пораст од 30 проценти во однос на истиот период минатата година кога изнесуваше 533 милиони евра. 

Најголем апсолутен дел од растот и понатаму го носат домашните картички користени за купување од домашни е-трговци, каде вредноста на трансакциите порасна од 286,9 на 338,5 милиони евра, односно за 18 проценти. Сепак, се вели во информацијата, најдинамичен раст се забележува кај вредноста која Македонците со своите картички ја направиле кон странски е-трговци во износ од 19.461,2 милиони денари или 316,4 милиони евра што преставува пораст од 45 проценти во однос на истиот период минатата година. 

Иако во апсолутен износ вредноста на трансакциите со странски картички кај домашни е-трговци е мала, позитивен сигнал за македонската економија е растот од 38 порценти, што ја зголемува вредноста од 27,7 на 38,2 милиони евра.

Покрај растот на вредноста, е-трговијата бележи и значително зголемување на бројот на онлајн трансакции, кој во периодот од првиот до третиот квартал  2025 година достигна 21 милион, што е 30,2 проценти повеќе споредено со истиот период во 2024 година. Најизразен пораст повторно се забележува кај домашните картички кон странски е-трговци, со раст од дури 63,2  проценти, што укажува на зголемена фреквенција на онлајн купувања, најчесто со пониска поединечна вредност. Бројот на трансакции кај домашните е-трговци исто така расте, но со поумерено темпо односно остварени се 10.6 милиони трансакции што преставува пораст од 10,4 проценти во однос на истиот период минатат година.

„Податоците за првите девет месеци од 2025 година покажуваат силно забрзување на е-трговијата и тоа не само со направени онлајн нарачки туку и платени со платежни картички односно остварен раст од 30 прпценти на вкупната вредност на онлајн трансакциите во однос на истиот период лани. Особено изразен е порастот кај трансакциите со домашни картички кон странски е-трговци, каде вредноста е зголемена за 45 порценти, а бројот на трансакции за над 63 проценти. Ефектот на Тему кој има илјадници нарачки дневно се отсликува во овие податоци целосно со оглед дека единствениот начин на плаќање кој до сега се нудеше на платформата беше со платежна картичка и охрабри многу граѓани потикнати од широката понуда, ниските цени и бесплатната достава за првпат да направат онлајн купување со платежни картички. Неодамнешната одлука на Тему да воведе и кеш на достава претставува прилагодување кон локалните навики, но воедно отвора прашање дали овој чекор ќе го забави позитивниот тренд на дигитални плаќања, изјави претседателката на АЕТМ“, Нина Ангеловска Станков.

Нерамномерниот пораст на вкупната вредност и бројот на онлајн трансакциите јасно се рефлектира и во просечниот износ по трансакција. Имено просечната вредност остварена за купување со македонски картички од странски е-трговци се намалила за 11,3 проценти и изнесува 34,6 евра, додека кон домашните е-трговци се зголемила за 7 проценти и изнесува 32 евра, а со тоа на вкупното ниво просечната вредност останува иста односно 33 евра.

Во текот на првите девет месеци од 2025 година, регистрирани се 175 новоотворени онлајн продажни места, што, според АЕТМ претставува значаен показател за зголемена понуда и заинтересираност на бизнисите да влезат во е-просторот и да започнат со онлајн продажба.

Повеќе
Седницата за гласање недоверба на Владата на Србија е закажана за понеделник
Зеленски: Шест лица загинаа, десетици се повредени во рускиот напад врз регионот на Киев
Индија ja продолжува блокадата на мобилниот интернет во центарот на Њу Делхи
Муцунски: Охридскиот Регион останува на Листата на светско наследство на УНЕСКО
Мерц ја реконструираше владата, Нина Варкен првата жена на функцијата шеф на канцеларијата
Лавров: Треба да се утврди кој е одговорен за неуспехот на договорот од самитот на Алјаска
Мицотакис: Нема да има предвремени избори наесен, ќе бидат редовни во 2027 година
Масовна евакуација на жители и туристи во Франција по шумските пожари
ЕУ изненадена од новите тарифи наметнати од САД
Четворица Палестинци убиени во напад на израелската армија и доселеници кај Наблус на Западниот Брег
Туркије ги испраќа првите пилоти во Велика Британија за обука на Еурофајтер
Изгласана реконструкцијата на Владата на Црна Гора, именувани четири нови министри
Стапија на сила новите царини на САД за над 60 држави поради увоз од принудна работа
Трамп ќе замрзнува ирански средства за надомест на штетите во Ормутскиот Теснец
Кина и АСЕАН повикаа на итен прекин на непријателствата на Блискиот Исток