Силен земјотрес со магнитуда од 6,2 степени денес го погоди регионот Давао Ориентал во јужниот дел на Филипини.
Епицентарот на земјотресот бил лоциран на 67 километри источно-југоисточно од Пондагуитан, на отворено море, во 17:18 часот по локално време, соопшти Американскиот геолошки институт (УСГС).
Земјотресот се случил на длабочина од 111,9 километри.
Засега нема известувања за жртви или предизвикана материјална штета.
Минатата недела земјотрес со јачина од 7,8 степени го погоди брегот на Минданао, предизвикувајќи паника и големи штети на куќи, училишта, болници и јавна инфраструктура.
Во таа катастрофа загинаа најмалку 61 лице, 40 сѐ уште се водат како исчезнати, а повеќе од 1.040 беа повредени.
ИЗВОР:AA


















