| Macedonian
КУЛТУРА
2 мин читање
Во Скопје се одржа панел „Турско-македонски театар и филм“
На панелот се дискутираше за сличностите и разликите помеѓу телевизиската и филмската индустрија, како и меѓу филмскиот и театарскиот сектор
Во Скопје се одржа панел „Турско-македонски театар и филм“
Во Скопје се одржа панел „Турско-македонски театар и филм“ / AA

Во главниот град на Северна Македонија, Скопје, се одржа панел на тема „Турско-македонски театар и филм“.

Панелот се одржа во просториите на Институтот Јунус Емре (YEE) во Скопје, а присуствуваа амбасадорот на Туркије во Скопје, Фатих Улусој, претставници на турските институции, режисерите и сценаристите Бурак Чевик и Мурат Фиратоглу, продуцентката Ипек Ерен, директорот на Турскиот театар во Скопје, Осман Али, театарскиот актер Џенап Самет, како и голем број филмски и театарски уметници од Северна Македонија.

Модератори на панелот беа директорот на Турскиот театар во Скопје, Осман Али, и актерот Џенап Самет, а ги собра режисерите, продуцентите и сценаристите од Туркије и Северна Македонија.

Директорот на Институтот Јунус Емре во Скопје, Јунус Дилбер, во изјавата за АА рече дека панелот е организиран со цел да се угостат режисерите, продуцентите и сценаристите што се наоѓаат во Северна Македонија по повод Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој неодамна започна во Битола.

„Наша цел со организирањето на овој панел беше да ги поврземе уметниците од Турција и експертите од филмската индустрија со актерите од Турскиот театар во Скопје и да им овозможиме меѓусебна соработка“, рече тој.

Тој посочи дека Турскиот театар во Скопје годинава одбележува 75-годишнина, а панелот беше организиран за да се создаде добра основа за идни односи.

Режисерот и сценаристот на филмот „Еден од деновите кога умре Хеме“, кој е годинашен турски кандидат за Оскар, Мурат Фиратоглу, изјави дека му е драго што престојува во Северна Македонија по повод фестивалот „Браќа Манаки“.

„Кога Институтот Јунус Емре ме праша дали би сакал да разговарам со локалните театарски и филмски уметници, со задоволство прифатив. Ми беше многу драгоцено да зборувам со луѓето овде, да зборуваме за филмот и да бидам дел од сето тоа“, изјави Фиратоглу.

На панелот се дискутираше за сличностите и разликите помеѓу телевизиската и филмската индустрија, како и меѓу филмскиот и театарскиот сектор.

Повеќе
Израелската армија во тригодишната војна потрошила муниција како за 30 години
Исланд: Референдум за продолжување на преговорите за членство во ЕУ
ЕУ ѝ одобри 6,1 милијарди евра на Украина за набавка на системи за воздушна и ракетна одбрана
Цените на нафтата паднаа додека пазарите чекаат нови американски санкции за Иран
Сирија и Израел одржуваат разговори со посредство на САД во Јордан за да се постигне деескалација
Израел продолжува да убива Палестинци во Газа и покрај договорот за прекин на огнот
САД прогласија „економски ден Д“ против Иран, додека притисокот се интензивира
Албанезе повикува на „меѓународно присуство за заштита“ низ окупираната Палестина
Унал Устел: Жалбата на кипарските Грци во ОН за гасоводот со Туркије е контрадикторна
САД воведоа нови царини за Канада, Отава ќе возврати
Ко-лидерката на АфД повика Германија да ги напушти еврото и Шенген
Зеленски: Крајот на 2026 и летото 2027 се реален период за мировен договор за Украина
Иран: Американската „економска војна“ е повторливото сценарио со кое знаеме да се соочиме
Земјите од ЕУ испратија хеликоптери и тимови за помош на Србија во гаснењето на пожарите
ТикТок ќе плати 400 милиони долари поради прекршување на приватноста на деца