Македонија против Данска во баражот за СП 2026
Косово ќе игра против Словачка на гостински терен, а ако победи ќе игра против победникот од мечот меѓу Туркије и Романија, БиХ гостува во Велс и со триумф оди во нов бараж против победникот од дуелот Италија- Северна Ирска
Македонската фудбалска репрезентација ќе игра против селекцијата на Данска во првиот бараж меч за пласман на Светското првенство во 2026 година во САД, Канада и Мексико, одлучи денешната ждрепка во Цирих.
Македонија ја има улогата на аутсајдер на овој дуел затоа што доаѓа како селекција од последниот четврти барабан, додека ривалот е од првиот, најсилен барабан. Натпреварот ќе се игра на 26 март следната година.
Ако Македонија успее да победи во првиот бараж, следува нов и последен предизвик, а тоа е вториот бараж дуел на 31 март 2026 година, проитв подобриот од дуелот Чешка- Ирска, за пласман на првото Светско првенство.
Во евентуалното финале на баражот, Македонија повторно ќе биде гостин.
Македонија ги заврши квалификациите со тежок пораз од Велс од 7:1, што ѝ го донесе третото место во групата. Поради тоа, таа беше сместена во најниско рангираниот, четврти шешир во ждрепката.
Во преостанатите полуфинални натпревари се среќаваат:
Велс- БиХ
Италија- Северна Ирска
(Победниците од двата натпревари ќе играат меѓусебно за пласман на СП)
Полска- Албанија
Украина- Шведска
(Победниците од двата натпревари ќе играат меѓусебно за пласман на СП)
Словачка- Косово
Туркије- Романија
(Победниците од двата натпревари ќе играат меѓусебно за пласман на СП)
Во меѓуконтиненталниот плејоф, Нова Каледонија ќе игра против Јамајка, а победникот ќе се соочи со ДР Конго во финалето, додека Боливија ќе се сретне со Суринам.
Подобар од овој дуел, ќе се бори против Ирак за пласман на Светското првенство.