| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
Собранието на Косово усвои декларација за заштита на ОВК
Собранието во декларацијата повикува „на изработка на заедничка државна стратегија, во чии рамки ќе се координираат сите правни, институционални и дипломатски активности за заштита и афирмирање на целосната историска вистина“
Собранието на Косово усвои декларација за заштита на ОВК
Пратениците ја осудија и осудителната пресуда против поранешните лидери на ОВК во Хаг, Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи

Пратениците од деветтиот состав на Собранието на Косово усвоија заеднички изработена декларација за заштита на Ослободителната војска на Косово (ОВК) и против, како што е оценето, неправедната одлука на Специјализираните совети за четворицата поранешни лидери на ОВК во Хаг.

Пратениците со 99 гласа „за“, без гласови „против“ и без воздржани, ја усвоија Декларацијата за осудителната пресуда против Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи.

Во декларацијата, која пред пратениците ја прочита претседателката на Собранието, Албулена Хаџиу, Собранието изрази длабока загриженост поради првостепената пресуда против поранешните лидери на ОВК, го оцени како неприфатлив заклучокот за постоење на заедничка криминална цел и побара од сите државни институции да ги преземат неопходните дејства за заштита на вистината и чистотата на ослободителната војна на Косово.

„Собранието повикува на изработка на заедничка државна стратегија, во чии рамки ќе се координираат сите правни, институционални и дипломатски активности за заштита и афирмирање на целосната историска вистина за праведната борба за слобода и ослободување на Косово“, се наведува во декларацијата што ја прочита Хаџиу.

Понатаму во декларацијата се наведува дека во Косово во периодот 1998-1999 година, постоењето на заедничко криминално здружување за протерување на Албанците од Косово веќе е потврдено со пресуди на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија против политичките, воените и полициските челници на Југославија и Србија.

„(Декларацијата) се спротивставува на секој обид да се изврти историската вистина за Косово, да се доведе во прашање неговата ослободителна војна или да се изедначат народот што се бореше за слобода и опстанок со режимот што го угнетуваше“, се наведува во декларацијата.

По усвојувањето на оваа декларација, Демократската партија на Косово (ПДК), на чија иницијатива беше изработена декларацијата, им се заблагодари на пратениците на Собранието на Косово за усвојувањето, а побара во продолжение да се изгласаат и измените и дополнувањата на Законот за Специјализираните совети на Косово во Хаг.

„Гласањето за законот е следниот чекор за да се даде институционален одговор на барањата што ги поставивме. ПДК ќе продолжи да се ангажира за заштита на праведната борба на ОВК и за правичен процес против нејзините поранешни лидери“, се наведува во соопштението на ПДК.

На 16 септември Тачи и Красниќи беа прогласени за виновни и осудени на по 25 години затвор, Весели беше осуден на 18 години затвор, а Селими на 13 години затвор од страна на Специјализираните совети.

Поранешните лидери на ОВК беа осудени за воени злосторства, вклучително и незаконско или произволно притворање, сурово постапување, тортура и незаконско убивање.

Повеќе
Регионалната конференција за фемицид: Секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки свирепо убиени
Претседателката Сиљановска-Давкова упати честитка по повод Меѓународниот ден на Бошњаците
Тошковски: Бошњаците придонесуваат да имаме држава со европски вредности
Мицкоски во ОН: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет
ЕУ покренува постапки против Грција поради прекршување на правилата за енергетика и перење пари
Јаневска на Европска ноќ на истражувачите: Нема просперитет на државата без развој на науката
Реакции по одложувањето на рочиштето за правниот статус на Центарот за македонски јазик во Грција
Почна кампањата за претседателските избори во Бугарија
Мицкоски и лидерите на земјите од Западен Балкан на средба со Калас во Њујорк
Клековски: Четири дена без нови случаи на западнонилска треска, на Инфективна има 12 пациенти
Мицкоски - Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка
Мисајловски: Земјите од Западен Балкан во одбранбените иницијативи на ЕУ ќе ја зајакнат безбедноста
Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД за потенцијални инвестиции
Дизелот од денеска поскап, бензините поевтини
Промовирана Стратегијата за дигитално здравство-хроничните пациенти ќе се следат на далечина
Божиновска: Македонскиот рубин ќе добие сертификат за потеклото, обврска ни е да го заштитиме
Деветта жртва од Западнонилска треска, почина 66-годишен пациент
Мицкоски на средба со Рубио: Отворениот дијалог со стратешките сојузници има голема тежина
Фон дер Лајен ќе посети четири земји од Западен Балкан кон крајот на септември
Граѓански организации: Мисијата на ОБСЕ се повлекува од соработката со АОПЗ