| Macedonian
РЕГИОН
1 мин читање
Сиљановска – Давкова: Во Драч се разговара за европската интеграција и регионалната безбедност
Процесот „Брдо-Бриони“ е заедничка иницијатива на претседателите на Република Словенија и на Република Хрватска. Првиот состанок на лидерите се одржа во 2013 година, во Брдо кај Крањ.
Сиљановска – Давкова: Во Драч се разговара за европската интеграција и регионалната безбедност
Сиљановска – Давкова: Во Драч се разговара за европската интеграција и регионалната безбедност / TRT Balkan

Со претседателите на земјите учеснички во „Процесот Брдо-Бриони”, денеска во Драч ќе размениме мислења за најважните прашања поврзани со европската интеграција: Планот за раст на ЕУ, младинската политика и одливот на мозоци, регионалната соработка и безбедност, објави на фејсбук претседателката Гордана Сиљановска – Давкова.

Процесот Брдо Бриони, како што посочува претседателката, е инспириран од солидарноста и пријателството меѓу државите од регионот, со намера да ги поттикне политичкиот дијалогот и партнерството на највисоко ниво и да ја зајакне меѓусебната доверба.

„Годинава, домаќин на состанокот на лидерите на земјите учеснички во ,,Процесот Брдо-Бриони” е претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај. Одржувањето на процесот е потврда за неопходноста од редовен дијалог заради навремено соочување со регионалните предизвици и решавање на отворените прашања“, напиша во објавата Сиљановска Давкова.

Процесот „Брдо-Бриони“ е заедничка иницијатива на претседателите на Република Словенија и на Република Хрватска. Првиот состанок на лидерите се одржа во 2013 година, во Брдо кај Крањ.



ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Што следи откако Хамас ја предаде администрацијата во Газа на одборoт поддржан од ОН?
Од син на калабриски рибар до отомански Голем адмирал-како Килич Али паша стана владател на морињатa
Туркије ја отфрла резолуцијата на Европскиот парламент за мировната операција на Кипар од 1974 г.
Можат ли украинските напади со дронови да предизвикаат криза со гориво во Русија?
Извонредна приказна за турските воени заробеници кои ја преобликуваа воената доктрина на НАТО
Што се санкциите од КAATСA и како нивното укинување ќе биде од корист за Туркије?
Можат ли САД и Иран да се вратат на преговорите откако Трамп изјави дека прекинот на огнот е завршен
Вучиќ ќе поднесе оставка неколку дена по објавувањето на парламентарните избори
ТУРКСОЈ во Скопје ги промовира туркиските земји, туркискиот свет и туркиската култура
Емине Ердоган со сопругите на лидерите на НАТО на дискусија за децата, технологијата и безбедноста
Продажбата на американски мотори за турскиот авион КААН ќе продолжи, Конгресот не ја блокираше
Во Собранието одбележан Меѓународниот ден на геноцидот во Сребреница
Калас и Кос на 31-годишнината од геноцидот во Сребреница: Нема место за негирањед на геноцидот
САД привремено ги запреа нападите врз Иран за да остават простор за дипломатија
ЕБОР инвестираше 1,2 милијарди евра во Туркије во првата половина на 2026