| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Трамп: Ормуз е отворен за сите освен за Иран, наместо такса за заштита ќе склучуваме договори
Врз основа на многу продуктивни разговори со лидерите од Блискиот Исток, одлучив да се откажам од таксата од 20% и да ја заменам со трговски и инвестициски договори што земји од Персискиот Залив ќе ги склучат со САД, рече Трамп
Трамп: Ормуз е отворен за сите освен за Иран, наместо такса за заштита ќе склучуваме договори
САД ќе воведат целосна блокада, но исклучиво за бродови што пловат до или од иранските пристаништа, односно транспортираат стока поврзана со Иран

Ормускиот Теснец е целосно отворен за сите освен за Иран, а Соединетите Американски Држави ќе воведат целосна блокада на бродовите што пловат кон или од иранските пристаништа, изјави денес американскиот претседател Доналд Трамп, нагласувајќи дека наместо претходно најавената такса од 20%, ќе се склучат трговски и инвестициски договор со државите од Персискиот Залив.

Во објава на неговата социјална мрежа Вистина (Truth Social), Трамп изјави дека нафтата тече „како никогаш досега“, благодарение, како што рече, на моќта на американската војска.

Тој особено ги поздрави американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет, претседателот на Здружениот штаб Ден Кејн и командантот на Централната команда на САД, адмирал Бред Купер.

„Благодарение на нив, како и на сите припадници на најмоќната војска во светот, Ормускиот Теснец е отворен за сите бродови, освен за Иран, а тоа е поради нивното лажливо, насилно и злонамерно раководство, кое ја води таа земја по пат на целосно уништување“, рече Трамп.

Според неговите зборови, САД затоа ќе воведат целосна блокада, но исклучиво за бродови што пловат до или од иранските пристаништа, односно транспортираат стока поврзана со Иран.

Трамп додаде дека, врз основа на, како што изјави, многу продуктивни разговори со лидерите на Блискиот Исток, одлучил да се откаже од американската такса од 20 проценти и да ја замени со трговски и инвестициски договори што различните земји од Персискиот Залив ќе ги склучат со Соединетите Американски Држави.

„Тие инвестиции ќе бидат огромни, но во исто време ќе бидат исклучително корисни за нив и за нивната иднина. Како што сите знаат, имаме најголем обем на инвестиции во долари во Соединетите Американски Држави од која било земја во историјата, но овие нови инвестиции ќе го направат тој износ уште поголем. Фабриките, производствените капацитети и опремата ќе дојдат во Соединетите Американски Држави во историски обем, што ќе создаде дополнителни милиони добро платени работни места за американските граѓани“, рече Трамп.

Тој оцени дека Соединетите Американски Држави повторно победуваат „како никогаш досега“.

„Деновите кога Иран уби стотици илјади луѓе, вклучувајќи 52.000 демонстранти, се завршени и, најважно, Иран никогаш нема да има нуклеарно оружје“, рече Трамп.

Повеќе
Бројот на загинати во земјотресот во Колумбија се зголеми над 280
Трамп воведе царини од 100% за увоз на дронови и критични компоненти
Русија: Над 50 дронови соборени околу клучен центар за извоз на нафта
Приоритет на САД е пониска цена на нафтата во преговорите со Иран
Евакуација на жители во Хрватска по голем пожар на крајбрежјето
Салман разговараше со началникот на ЦЕНТКОМ за деескалација низ регионот
ЦИА се сомнева во тврдењето на Израел за наводниот ирански заговор против Трамп по НАТО самитот
Туркије и Бугарија разговараа за нови железнички врски
Француските пожарникари започнаа голем штрајк поради недостиг на кадар и ресурси
Во Владата одбележана 25-годишнината од Рамковниот договор
Свлечиште од земја уби најмалку 5 лица во нелегален рудник за злато во Индонезија
Јужнокорејскиот претседател повикува на „паметна“ војска поради ниската стапка на наталитет
Во Албанија избувнаа 45 пожари во рок од едно деноноќие
30 притворања во операцијата против криминалната организација Алихан Куриш
Рускиот претседател го посети курилскиот остров Итуруп