| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Гаши-Адемовиќ: Односите со Босна и Херцеговина се одлични
„Претседателот Гаши изрази задоволство од одличните односи помеѓу двете држави, кои не се обременети со билатерални прашања, а како дополнителен мост на поврзување ја нагласи улогата на Бошњаците во Македонија и дијаспората на Македонија во БиХ.“
Гаши-Адемовиќ: Односите со Босна и Херцеговина се одлични
Гаши-Адемовиќ: Односите со Босна и Херцеговина се одлични / Other

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши оствари средба со претседателот на Домот на Народите на Парламентарното Собрание на Босна и Херцеговина, Кемал Адемовиќ, соопшти собраниската прес-служба.

„Претседателот Гаши изрази задоволство од одличните односи помеѓу двете држави, кои не се обременети со билатерални прашања, а како дополнителен мост на поврзување ја нагласи улогата на Бошњаците во Македонија и диаспората на Македонија во Босна и Херцеговина. Гаши подвлече дека неопходно е подобрување на сообраќајните врски помеѓу двете држави како основа за подобра економска и секаква друга соработка и во тој контекст реферираше на обновување на железничката врска како и воспоставување на авио линија Скопје - Сараево. Во светло на претстојната Конференција на Јадранско – Јонската иницијатива, претседателот Гаши истакна дека темите на Конференцијата, мирот, парламентарната дипломатија и напредокот коридорите 8 и 10 се индикатор за интересот на државите и напорите на регионот на Западен Балкан за интеграција во Европската Унија“, информираа од Собранието.

Претседателот Адемовиќ се заблагодари за срдечниот пречек и ги сподели очекувањата од Конференцијата со која претседава Северна Македонија.

„Босна и Херцеговина високо го цени оддавањето на почит на Собранието кон жртвите на геноцидот во Сребреница со одбележувањето на годишнината на овој трагичен настан. Нагласи дека регионалната соработка и Берлинскиот процес се особено важни за напредокот на Регионот кон Европската Унија“, се додава во соопштението.

Соговорниците се согласија дека билатералната соработка и взаемните посети на сите нивоа и во повеќе сфери треба да се интензивираат.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Хамас: Разоружување без спроведување на првата фаза од договорот за Газа го блокира планот на Трамп
Започна испораката на нафта преку нафтоводот Дружба во Словачка
Израел со обвиненија против двајца техничари во военото воздухопловство за шпионирање за Иран
Зеленски: Разговорите за Украина не можат да го чекаат крајот на војната во Иран
Русија доби покана за учество на Самитот на Г-20 во САД во декември
Израелски екстремисти преминаа во јужен Либан, повикаа на создавање израелски населби
Трамп: Нема рок за прекин на огнот, примирјето е продолжено на неодредено време
Пезешкијан: Иран е отворен за дијалог и договор, блокадата и прекршувањето на обврските е пречка
Ердоган до Штајнмаер: Војната ја ослабува Европа, мирот е итно потребен
Реакција на БНС: Република Српска не е држава, туку ентитет во БиХ
Рама: Работиме со Грција годинава да излеземе со нов договор за стратегиско партнерство
Претседателот на Либан: Во тек се контакти за продолжување на прекинот на огнот со Израел
Ердоган и Руте разговараа за подготовките за самитот во Анкара и агендата на НАТО
Мицкоски од Виена: Нашата определба е јасна, градиме економија што создава, а не што само троши
ЕУ почна да работи на нацрт-договорот за пристапување на Црна Гора