Првиот човек на ФФМ на состанок на Олимпискиот комитет на ФИФА
„Горди сме што сме дел од процеси кои го обликуваат идниот развој на фудбалот на најголемата светска спортска сцена“, велат од ФФМ.
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ Масар Омерагиќ присуствуваше на состанокот на Олимпискиот фудбалски комитет на ФИФА што се одржа во Доха. На овој состанок беше присутен и првиот човек на ФИФА претседателот Џани Инфантино.
Овој комитет има за цел да работи на унапредување и координација на развојот на фудбалот во рамки на Олимписките игри и е во тесна соработка со Интернационалниот Олимписки комитет пред сè за прашањата поврзани за присутноста на фудбалот на Игрите.
„Горди сме што сме дел од процеси кои го обликуваат идниот развој на фудбалот на најголемата светска спортска сцена“, велат од ФФМ.
ФФМ има свој претставник во Доха, каде се одржува и централниот настан доделувањето на наградите „The Best“.