Владата на Косово ја усвои предлог-одлуката со кое Исламската револуционерна гарда на Иран се прогласува за „терористичка организација“.
Одлуката за прогласување на Исламската револуционерна гарда на Иран за „терористичка организација“ беше разгледана на денешната седница на Владата на Косово.
Претставувајќи го пред Владата предлог-одлуката, премиерот на Косово, Албин Курти, изјави дека предлог-законот обезбедува правна и стратегиска основа за нејзино прогласување за „терористичка организација“ во Република Косово.
„Исламската револуционерна гарда на Иран е дефинирана како ентитет што користи тероризам и организирано насилство како средство на надворешната политика и придонесува за регионалната и глобалната нестабилност. Со оваа одлука Косово ја зајакнува својата позиција во заштитата на меѓународната безбедност, демократските вредности и човековите права“, изјави Курти.
Тој нагласи дека со оваа одлука неговата земја јасно ја покажува својата посветеност да застане покрај своите стратегиски сојузници во заедничката борба против тероризмот.
Предлогот беше усвоен едногласно од членовите на Владата.
Иран сè уште не ја признава државата Косово, чија независност беше прогласена во 2008 година.


























