| Macedonian
РЕГИОН
1 мин читање
Движењето Самоопределување на Албин Курти води на изборите во Косово
Движењето Самоопределување обезбеди 43,63 отсто од гласовите или 239,642 гласа, ПДК со 21,77 или 119.546 гласа, ЛДК 18,01 отсто или 98.866 гласа, додека ААК 7,43 отсто од гласоците или 40.827 гласа.
Движењето Самоопределување на Албин Курти води на изборите во Косово
Движењето Самоопределување на Албин Курти води на изборите во Косово / AA

Според првите резултати од предвремените парламентарни избори одржани во Косово во недела, Движењето Самоопределување на премиерот Албин Курти е во водство.

Централната изборна комисија (ЦИК) во Косово започна со објавување на прелиминарните резултати од предвремените парламентарни избори одржани денес, каде што по пребројувањето на 81,1 процент од гласачките кутии, Движењето Самоопределување, предводено од премиерот Албин Курти, е во водство.

Според податоците објавени од ЦИК, Движењето Самоопределување обезбеди 43,63 проценти од гласовите, или 239.642 гласови.

Демократската партија на Косово (ПДК) е следна со 21,77 проценти или 119.546 гласови, додека Демократската лига на Косово (ЛДК) доби 18,01 процент, или 98.866 гласови.

Алијансата за иднината на Косово (ААК) освои 7,43 проценти од гласовите, или 40.827 гласови, додека Српската листа освои 4,44 проценти, или 24.384 гласови.

Според досегашните податоци, во изборниот процес учествувале 722.902 граѓани од вкупно 1.959.962 регистрирани гласачи, што претставува излезност од 36,88 проценти, додека учеството на изборите на 28 декември 2025 година изнесувало 44,99 проценти.

Процесот на броење продолжува, а резултатите остануваат прелиминарни до завршувањето на броењето на сите гласачки кутии и сертификацијата на резултатите од страна на Централната изборна комисија.

ИЗВОР:AA
Повеќе
ОАЕ го осудуваат палењето на две џамии на Западниот Брег од страна на израелските окупатори
Пет алпинисти од Босна и Херцеговина загинаа на Елбрус
Јемен следното бојно поле во конфликтот меѓу САД и Иран?
Садик Ахмет и бескрајниот отпор на Турците од Западна Тракија
Што е Планината Пикакс, место кое Трамп се закани дека ќе го нападне?
Источното крило на Европа се насочува кон Туркије во услови на нови безбедносни реалности
Борба за моќ во Иран: Дали тврдокорните ја блокираат дипломатијата со САД?
Зулфиќар Зејнула избран за нов министер без ресор
Трамп: Би било многу лошо за Кина и Русија ако обезбедуваат оружје за Иран
Медиуми: Нетанјаху следната недела во САД на средба со Трамп
Средба на Фидан со претставничката на Гутереш за Кипар
Почесниот конзулат на Летонија во Славјанск оштетен при руски напад
Ердоган: Организирањето на Самитот на НАТО во Анкара  е извор на голема гордост и среќа
Израел ќе спроведе голема воена офанзива на делови од окупираниот Западен Брег
Седницата за гласање недоверба на Владата на Србија е закажана за понеделник