| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Трамп: Повикувам на разговори за САД да го купат Гренланд
Поставивме бази на Гренланд, за Данска, ја добивме војната, без наша помош сите ќе зборувавте германски и малку јапонски, по војната, го вративме Гренланд на Данска, колку глупаво од нас, колку се неблагодарни сега, рече американскиот претседател
Трамп: Повикувам на разговори за САД да го купат Гренланд
Тој истакна дека има многу ретки метали во Гренланд, но дека тоа не е целта на САД, туку „сопственатa и меѓународната безбедност“ / Reuters

Ниту една нација не може да го заштити Гренланд освен Соединетите Американски Држави, изјави денес американскиот претседател Доналд Трамп и повика на започнување разговори за САД да го купат арктичкиот остров.

„Ние сме голема сила. Тоа го видовте неодамна во Венецуела“, рече Трамп за време на говорот на Светскиот економски форум во Давос.

Тој изјави дека во Втората светска војна, Данска се предала на нацистичка Германија по шестчасовни борби и дека САД биле принудени да ги испратат своите сили во Гренланд.

„Поставивме бази на Гренланд, за Данска. Се боревме за нив, за тоа големо парче мраз. Тоа не е земја. Ја добивме војната, без наша помош сите ќе зборувавте германски и малку јапонски. По војната, го вративме Гренланд на Данска. Колку глупаво од нас. Колку се неблагодарни сега“, рече американскиот претседател.

Тој изјави дека Соединетите Американски Држави сега се соочуваат со најголемите ризици, од нуклеарно оружје, ракети и од оружје за кое, како што рече, „не смее ниту да зборува“.

„Гренланд е речиси целосно ненаселена и неразвиена територија. Никој не ги брани, тие се наоѓаат помеѓу Русија, Кина и САД. До неодамна, тоа не беше толку важно“, рече Трамп.

Тој истакна дека има многу ретки метали во Гренланд, но дека тоа не е целта на САД, туку „лична и меѓународна безбедност“.

„Тоа е Западната хемисфера и нашата територија. Нашата политика е со векови да не дозволиме никому да влезе на таа територија“, рече тој и додаде дека ова е причината зошто американските претседатели низ историјата се обидувале да го купат Гренланд.

Тој ги повика Данска и САД повторно да почнат да зборуваат за аквизицијата на Гренланд, нагласувајќи дека тоа нема да биде закана за НАТО, туку ќе ја зголеми безбедноста на целата Алијанса.

„Сè што бараме од Данска е тоа парче мраз, да ја изградиме Златната купола (американски одбранбен систем) која по својата природа ќе ја брани и Канада“, рече тој.

Трамп нагласи дека нема да употреби сила за да го преземе Гренланд.

„Нема да добиеме ништо додека не употребиме прекумерна сила, а тогаш ќе бидеме незапирливи. Нема да употребам сила“, рече американскиот лидер.

Повеќе
Фидан разговараше за Кипар, Сирија и регионални прашања со генералниот секретар на ОН, Гутереш
Полицијата во Палма де Мајорка со гумени куршуми ги растури протестите против масовниот туризам
Израел одобри влез на меѓународни сили во Газа
Летонија планира да ги отстрани сообраќајните знаци што покажуваат кон Русија и Белорусија
Претседателот на Колумбија објави прекин на дипломатските односи со Куба и Никарагва
Нетанјаху денеска патува за САД, утре ќе се сретне со Трамп
Започна гласањето во првата фаза од изборите во Кашмир, управуван од Пакистан
Во мај 96,5 отсто од потрошената струја од домашно производство
Зеленски: Украина стана посилна за време на војната но не доволно за да го запре Путин
Сомнителна бомба пронајдена во близина на Сенатот на Филипините пред обраќањето на претседателот
Три лица убиени, петмина ранети во пукање на Фестивалот на храната во Сиетл
Северна Кореја го отфрли повикот на АСЕАН за денуклеаризација нарекувајќи го „глупав обид“
Си и Лула за соработката во БРИКС и Глобалниот Југ
Иран: Шест брода се обиделе да поминат низ „нелегална и небезбедна“ маршута низ Ормускиот теснец
Започна Младинската работна акција „Нови Пазар 2026“