| Macedonian
ВОЈНА ВО ГАЗА
2 мин читање
Најмалку осуммина Палестинци убиени во израелските напади врз Газа
Очевидци за Анадолу изјавија дека гранатирањето било насочено кон шатори во кои се сместени раселени лица во градот Кан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа
Најмалку осуммина Палестинци убиени во израелските напади врз Газа
Прекинот на огнот ја заврши израелската офанзива што започна во октомври 2023 година и траеше две години / AP

Најмалку осуммина Палестинци, меѓу кои и едно дете, се убиени, а неколкумина се повредени рано утринава во израелските напади врз шатори за раселени лица, куќа и група цивили во Појасот Газа и покрај договорот за прекин на огнот во енклавата, соопштија медицински извори.

Изворите за Анадолу изјавија дека телата на осумтемина Палестинци, заедно со неколку повредени лица, пристигнале во болниците низ енклавата по бомбардирањето.

Очевидци за Анадолу изјавија дека гранатирањето било насочено кон шатори во кои се сместени раселени лица во градот Кан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа.

Артилериски оган, исто така, бил насочен кон куќа во населбата Ал-Туфах источно од градот Газа, како и улица во населбата Ал Зејтун, рекоа очевидци.

Прекршувањата на прекинот на огнот продолжија и покрај објавата на американската администрација во јануари дека започнала втората фаза од договорот за прекин на огнот. Таа фаза вклучува дополнително повлекување на Израел од Газа и започнување на напорите за обнова, за која Обдинетите нации (ОН) проценуваат дека ќе чини околу 70 милијарди долари.

Прекинот на огнот ја заврши израелската офанзива што започна во октомври 2023 година и траеше две години, при што се убиени повеќе од 71.000 Палестинци и повредени над 171.000 лица, а беше уништена и околу 90% од инфраструктурата на Газа.

Повеќе
СЗО бара заштита на здравствените установи во Газа поради израелските напади
Окупиран Западен Брег: Тивкиот геноцид
Хамас: Нема разоружување пред израелското повлекување од Газа
Комитетот за администрација на Газа подготвен да управува со енклавата по напредокот во примирјето
Четворица Палестинци, меѓу кои и две деца убиени во израелските напади врз Газа
Делегација на Хамас замина во Египет на преговори за втората фаза од договорот за прекин на огнот
Израел уби уште тројца Палестинци во Газа, бројот на убеини се искачи на близу 73.350
Израел одобри влез на меѓународни сили во Газа
Четворица Палестинци убиени во напад на израелската армија и доселеници кај Наблус на Западниот Брег
Палестинка го загуби нероденото бебе во напад на израелски доселеници на окупираниот Западен Брег
Убиени најмалку 12 Палестинци во израeлските напади врз Газа во последните 24 часа
Сателитските снимки покажуваат дека Израел трајно ја дели Газа
Петмина Палестинци убиени во новите израелски напади врз Газа
Четворица Палестинци убиени, израелските сили ја прошируваат контролата во Газа
Израелските доселеници упаднаа во Ал Акса, а член на Кнесетот во палестинско училиште
Најмалку 13 Палестинци убиени во израелските напади врз Газа во изминативе 24 часа
Убиени уште осум Палестинци во израелските напади  во Газа, бројот достигна 73.200
Што следи откако Хамас ја предаде администрацијата во Газа на одборoт поддржан од ОН?
Израел го уништува образованието во Газа, а со тоа и иднината на децата
Палестинскиот претседател Абас го одреди 28 ноември за палестинските парламентарни избори