| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Украина извести за „огромен напредок“ во мировните преговори со Русија
Постигнат е огромен напредок во однос на прашањата за безбедноста и просперитетот, а за тоа ќе зборуваме дополнително, изјави главниот преговарач Рустем Умеров, шеф на украинската Служба за надворешно разузнавање
Украина извести за „огромен напредок“ во мировните преговори со Русија
Умеров не изнесе дополнителни детали од тоа што договориле двете страни / AP (Wire)

Главниот преговарач на Украина, Рустем Умеров, денес изјави дека е постигнат „огромен напредок“ во тековните мировни преговори со Русија во однос на прашањата за „безбедноста и просперитетот“.

За време на заедничката прес-конференција во главниот град на Обединетите Арапски Емирати, Абу Даби, по последната рунда руско-украински мировни преговори со посредство на САД, Умеров им се заблагодари на американските претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер за нивниот придонес во преговорите. Тој наведе дека во текот на изминатата година се воделе разговори во различни формати, вклучително и со учество на европски страни.

„Постигнат е огромен напредок во однос на прашањата за безбедноста и просперитетот, а за тоа ќе зборуваме дополнително“, изјави Умеров, кој моментално ја извршува функцијата шеф на украинската Служба за надворешно разузнавање. Тој не изнесе дополнителни детали.

Давид Арахамија, парламентарен лидер на украинската владејачка партија Слуга на народот, кој исто така се обрати на прес-конференцијата во Абу Даби, ги опиша трилатералните преговори одржани во изминатите два дена како „едни од најтешките“. Тој изрази надеж дека претстојната размена на затвореници меѓу Москва и Киев, за која претходно на прес-конференцијата зборуваше Кушнер, ќе опфати „голем“ број луѓе.

Арахамија изјави дека се блиску до проширување на опсегот на преговорите од трилатерален во мултилатерален формат, притоа напоменувајќи дека е постигнат „голем напредок“ и по други прашања, за кои, како што рече, во моментов не може да откријат детали.

„Ве охрабрувам да ја посетите Москва, потоа да се вратите кај нас во Даблин, да одржите втора сесија и колку што е можно поскоро да го објавите датумот за следната рунда (мировни преговори). Сметам дека имаме добар залет за да дојдеме до решение пред почетокот на новата година“, додаде Арахамија.

Изјавите на украинските претставници се дадени по завршувањето на дводневните трилатерални разговори во Абу Даби, кои се одвиваа со посредство на САД и започнаа вчера. Ова е прва директна трилатерална мировна средба по преговорите одржани во Женева во февруари.

На заедничката прес-конференција Кушнер им изјави на новинарите дека тој и Виткоф утре (четврток) ќе отпатуваат во Москва на разговори со рускиот претседател Владимир Путин, при што наведе дека таму ќе ги „прецизираат бројките“ за размена на затвореници, за што е постигнат договор по преговорите вчера и денес.

Повеќе
Сирискиот претседател Шара пристигна во Туркије на климатскиот самит
Ердоган и Гутереш засадија садници од маслинка на самитот КОП31
Двајца загинати во Русија по украински напад со дронови
Републиканците во Претставничкиот дом го блокираа предлогот за импичмент против шефот на Пентагон
Лутник бил предупреден за врската на директорот на Енвидија со шпионка од Кина
Арапската Заедничка листа: Нетанјаху е во хистерија, ќе работиме на негово отстранување од власта
Американскиот секретар за финансии се преселил во воена база по наводните закани за атентат од Иран
Почнува Самитот на светските лидери во рамки на КОП31 во Туркије, во фокусот електрификацијата
Тошковски: За 29 отсто намален бројот на загинати во сообраќајки
Хан Џенг: Кина посветена кон поставување јасни климатски цели за глобалната стабилнот
Курти: Новата влада на Србија да го признае Косово и да го екстрадира Милан Радоичиќ
Сиљновска Давкова: Европа не може да биде целосна без стабилен и демократски Западен Балкан
Ердоган на средба со бразилскиот колега Лула: Зајакнување на соработката во трговијата и одбраната
Средба Ердоган-Гутереш за регионални и глобални прашања
Зеленски: Европа да избере претставник за разговорите со Русија и САД