| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Фредериксен: Фундаментални несогласувања меѓу САД и Данска за Гренланд
Данската премиерка по состанокот на претставниците на Данска, САД и Гренланд било договорено да се формира работна група, но нагласи дека тоа не го менува фактот околу несогласувањата поради амбицијата на САД да го преземе Гренланд
Фредериксен: Фундаментални несогласувања меѓу САД и Данска за Гренланд
Belgium EU Summit / AP

Данската премиерка Мете Фредериксен во четврток изјави дека состанокот во Белата куќа меѓу потпретседателот на САД Џ.Д. Венс, државниот секретар Марко Рубио, данскиот министер за надворешни работи Ларс Леке Расмусен и министерката за надворешни работи на Гренланд, Вивијан Мотцфелд „не бил лесен“, потврдувајќи го постоењето на „фундаментални несогласувања“ околу континуираните амбиции на Вашингтон да ја преземе автономната данска територија.

Taa потврди дека има „фундаменталните несогласувања“ меѓу САД и Данска.

Таа додаде дека двете земји се согласиле да формираат работна група за ова прашање, но нагласи дека тоа не го менува фактот дека фундаменталните несогласувања сè уште постојат, бидејќи амбицијата на САД да го преземат Гренланд не престанала.

„Очигледно е дека ситуацијата е сериозна и ние продолжуваме со нашите напори да спречиме ова сценарио да стане реалност“, рече Фредериксен.

Таа, исто така, потсети дека постои договор во рамките на НАТО за зајакнување на своето присуство на Арктикот, додавајќи дека Данска значително инвестирала во нови арктички капацитети.

„Одбраната и заштитата на Гренланд се заедничка грижа на целиот НАТО сојуз“, рече Фредериксен, додавајќи дека неколку сојузници моментално учествуваат во заеднички воени вежби во и околу Гренланд.

Според извештајот, Куно Фенкер, член на парламентот на Гренланд, верува дека состанокот со американските претставници не донел ништо повеќе од одложување на процесот за американската страна.

По состанокот во Белата куќа, американскиот претседател Доналд Трамп рече дека „не може да смета на Данска да се одбрани“, додавајќи: „Тие разговараа за тоа, испратија дополнителни санки со кучиња. Минатиот месец додадоа уште една санка, но тоа нема да го реши проблемот“.

Гренланд, самоуправна територија во рамките на Кралството Данска, го привлече интересот на САД поради својата стратешка локација и богатите минерални ресурси, како и наводните загрижености за растечката активност од страна на Русија и Кина.

Данска и Гренланд ги отфрлија предлозите за продажба на територијата, потврдувајќи го данскиот суверенитет над островот.

Повеќе
Израел повторно предупредува за напади во Либан и покрај примирјето
Конфликтот со Иран може да ја чини светската економија најмалку 700 милијарди долари
Куршад Зорлу потпретседателот на АК Партија е во посета на Северна Македонија
Туркије и Канада започнаа преговори за договор за слободна трговија
Спасен екипажот на американскиот воен хеликоптер кој се сруши близу Ормутскиот Теснец
Трамп: Продолжуваат преговорите со Иран, можен договор за неколку дена
Франција и Германија се откажаа од развојот на заеднички борбен авион
Фидан: Мирот во Украина е клучен за регионалната безбедност и стабилност
Трамп вели дека го предупредил Нетанјаху дека може да oстане сам против Иран
Ереван: Ерменија се стреми кон целосна нормализација со Туркије во блиска иднина
Бројот на жртви од земјотресот на Филипините се искачи на 32
Рама: Албанија и покрај протестите ќе продолжи со изградбата на одморалиштето на Џаред Кушнер
Туркије ги поздравува мирните ерменски избори и ја поддржува стабилноста
Уште девет Палестинци убиени во израелските напади
Иран соопшти за 15 повредени лица во израелските напади, ги прекинува нападите врз Израел