| Macedonian
СВЕТ
4 мин читање
Емине Ердоган во Ватикан порача: „Светот е поголем од пет"
Емине Ердоган, сопруга на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, нагласи дека мирот, безбедноста, човековите права и демократијата остануваат привилегија на малкумината и привилегираните.
Емине Ердоган во Ватикан порача:  „Светот е поголем од пет"
Emine erdogan / AA

Првата дама на Туркије Емине Ердоган присуствуваше на конференцијата насловена како „Економија заснована на братство: Етички мултилатерализам“ што се одржа во Папскиот институт за општествени науки во Ватикан.

На конференцијата меѓу другите присуствуваа, проф. Џефри Сакс (ОН), кардиналот Питер Турксон, сестра Хелен Алфрод и високиот претставник на ОН за Алијансата на цивилизациите Мигел Анхел Моратинос. Беа дискутирани за мултилатерализмот, мултиполарноста, реформата на ОН и глобалното граѓанство.

Зборувајќи на панелот „Мултилатерализам за глобално граѓанство“, Емине Ердоган го изрази своето задоволство што е опкружена со луѓе кои веруваат дека човештвото, во сите бои и гласови, е посилно.

Меѓу другото, Ердоган нагласи дека оваа порака е манифест на угнетените и запоставените низ целиот свет и повик за глобална правда.

„Ние обезбедивме помош без оглед на религијата, јазикот, расата или регионот - од Мјанмар до Сомалија, од Јемен до Украина. Глобалното граѓанство не смее да значи бришење на разликите - тоа не е концепт што се стреми да ги спои луѓето во еден идентитет“, рече таа.

Во нашата вера, човекот е доверен на друг човек

Ердоган истакна дека човештвото е едно големо семејство:

„Сите ние сме членови на големото човечко семејство, собрани околу Земјината трпеза. Затоа ја нарекуваме оваа планета наш заеднички дом. Како што рече Мевлана: „Рајот е мојот дом, а човештвото е моето семејство“. Нашите различни раси, јазици, култури и верувања создаваат прекрасен мозаик. Нашата вера вели: човекот е дар за човекот“, рече првата дама на Туркије.

Таа се осврна на алармантните бројки: повеќе од 150 милиони сирачиња, 32 милиони гладни луѓе во Африка, 3 милијарди луѓе кои преживуваат со помалку од 5,5 долари дневно, 244 милиони деца без право на образование, околу 70 милиони бегалци и ужасните жртви во Газа, вклучувајќи ги и бебињата кои не го доживеале својот прв роденден.

“Ни требаат нови решенија за да го разбудиме човечкото семејство“, рече Ердоган.

Таа го критикуваше конзумеристичкиот менталитет „купи и фрли“ и нагласи дека постојните системи не можат да изградат праведен свет: „Ни требаат нови решенија што ќе го разбудат човечкото семејство“, истакна Ердоган

Подаваме рака за помош без дискриминација

Таа потсети дека Туркије продолжува да обезбедува засолниште за околу 4 милиони бегалци од Сирија и овозможува безбедно и достоинствено враќање за оние кои сакаат. „Ние обезбедуваме помош низ целиот свет - од Мјанмар до Сомалија, Јемен и Украина. Бидејќи Анадолија е татковина каде што различните гласови создаваат величествена човечка песна“, рече Емине Ердоган.

Глобалното граѓанство мора да добие ново значење

Таа предупреди дека ерозијата на мултикултурализмот е извор на исламофобија, омраза и поларизација во светот. „Глобалното граѓанство не треба да биде идеја што ги брише разликите и ги сведува луѓето на еден идентитет. Таквиот свет би го изгубил своето богатство засекогаш.“

Таа потсети на зборовите на Мевлана: „Во мојата вера, иглата на компасот е прицврстена, но со другиот крај посетувам 72 нации. „Тоа е метафора за нова визија за глобално граѓанство - ние остануваме цврсто врзани за нашиот идентитет, но се стремиме кон благосостојба, мир и среќа на целото човештво“, рече Ердоган.

Ниту една земја не може сама да се справи со кризите

Таа ја нагласи важноста на етичкиот мултилатерализам и заедничкото дејствување против климатските промени и нееднаквоста. „За жал, товарот не е рамномерно распределен - земјите што најмалку придонесуваат за климатската криза страдаат најмногу.“

Движењето „Нула отпад“ - наш долг кон човештвото

Емине Ердоган потсети дека движењето „Нула отпад“ започна во 2017 година во Туркије и прерасна во глобална иницијатива на ОН: „Нашиот однос со природата мора да се заснова на почит и одговорност“, рече првата дама на Туркије.

Дигиталното доба носи и големи ризици

Таа предупреди за растечката зависност од интернетот и социјалните мрежи, додека половина од светското население сè уште нема пристап до интернет.

„Ова е парадоксот на дигиталното доба“, смета Ердоган.

Вредностите не можат да останат привилегија само на неколку земји

Таа нагласи дека вредностите како што се мирот, безбедноста, човековите права и демократијата не смеат да бидат привилегија на неколку држави.

„Пораката „Светот е поголем од пет“ е манифест на угнетените и повик за глобална правда. Нè повикува да го гледаме секој човек и нивните интереси како наши“, истакна таа.

Човечкиот живот и достоинство се свети за сите

Емине Ердоган заклучи: „На човештвото му се потребни нови вредности: сочувство, правда, љубов, толеранција и добра волја. Човечкиот живот и достоинство се свети вредности во сите религии. Верувам дека токму заедничкото верување во овие вредности може да нè излекува.“

Нејзиниот говор во Ватикан беше поздравен со голем аплауз, а конференцијата заврши со групна фотографија.

Повеќе
Двајца Палестинци убиени во напад на нелегални израелски доселеници во село на Западниот Брег
Туркије ја критикува Грција за затворањето на училиштата на турското малцинство во Западна Тракија
Денеска треба да бидат познати анализите на водата во Гостивар и причините за епидемијата
Десет загинати во руски напад врз брод во близина на Одеса
Трамп лансираше силни напади врз Иран поради загинувањето на американски војници
Москва и регионот погодени од силни украински напади со дронови
Рубио: Иран сака да го користи Ормутскиот Теснец како алатка во преговорите
Клековски: Се бара причината за зголемениот број на пациенти во Гостивар
Во Скопје одржан завршниот настан на Меѓународните ликовни средби „Сребреница 2026“
Во Скопје одржана трибина по повод одбележување на геноцидот во Сребреница
Туркије претстави комеморативна значка по повод 10-годишнината од неуспешниот пуч на 15 јули
Зошто израелскиот парламент воведе родова сегрегација во образованието
Скриениот рај на природата во Туркије: Во Једиѓолер во Ерзурум снегот се задржува и во лето
Пекинг: Обвинувањата на Трамп за кинеско мешање во изборите во САД се чиста измислица
Енди Бурнам избран за лидер на лабуристите, од понеделник ќе биде новиот британски премиер