Во сообраќајна несреќа во Бугарија загинаа шестмина мигранти, четворица се повредени
Возилото со романски регистарски таблички, управувано од романски државјанин, превезувало 10 мигранти - повеќе од двојно од дозволениот капацитет
Во сообраќајна несреќа во Бугарија загинаа шестмина мигранти, четворица се повредени / AA
Шестмина мигранти загинаа, а тројца мигранти и возачот се повредени во сообраќајна несреќа што се случи синоќа во градот Бургас на брегот на Црното Море во Бугарија.
Возилото со романски регистарски таблички, управувано од романски државјанин, превезувало 10 мигранти - повеќе од двојно од дозволениот капацитет - објави Бугарската новинска агенција (БТА).
Полицијата соопшти дека мигрантите во возилото илегално влегле во Бугарија.
Врз основа на прелиминарните информации се верува дека преживеаните мигранти се од Авганистан.