| Macedonian
СВЕТ
3 мин читање
Најмалку 32 лица загинаа, а над 700 се повредени во два силни земјотреси во Венецуела
Американскиот геолошки завод пресметал 44% веројатност за повеќе од 10.000 жртви и 30% веројатност за повеќе од 100.000 загинати во катастрофалните земјотреси
Најмалку 32 лица загинаа, а над 700 се повредени во два силни земјотреси во Венецуела
Епицентарот на земјотресите бил во областа западно од Каракас, а биле почуствувани и во Богота, главниот град на Колумбија / AP

Во Венцуела е прогласена вонредна состојба откако два силни земјотреси го потресоа главниот град Каракас во рок од неколку секунди во средата.

Според официјалните бројки, првиот земјотрес бил со јачина од 7,2 степени, додека вториот, уште поразорен, бил со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала.

Спасувачките екипи ги пребаруваат урнатините, а вршителката на должноста претседателка на Венецуела, Делси Родригез, прогласи вонредна состојба и изрази сочувство, без да прецизира колку луѓе загинале.

Лидерите низ Латинска Америка понудија поддршка и солидарност, како и американскиот претседател Доналд Трамп.

Првичните информации говорат дека најмалку 32 лица загинаа во земјотресот, а околу 700 се повредени, но голема е веројатноста дека бројките ќе растат. Геолошкиот завод на Соединетите Американски Држави (УСГС). претходно пресметал 44% веројатност за повеќе од 10.000 жртви и 30% веројатност за повеќе од 100.000.

Спасувачите во главниот град бараат преживеани низ урнатините, а се слушаат луѓе како повикуваат за помош. Зградите се без струја, а метро системот е целосно затворен.

Земјотресите погодија област западно од главниот град Каракас и можеле да се почувствуваат дури до Богота, Колумбија. Венецуела славеше национален празник, а многу луѓе беа дома кога се случија земјотресите.

САД ќе испратат тимови за пребарување и спасување и медицински и хуманитарен материјал во Венецуела, вели Џереми Левин, заменик-државен секретар за странска помош. Стејт департментот има тим за помош при катастрофи кој работи со партнери во привремената венецуелска влада, вели тој.

Земјите во Латинска Америка, исто така, понудија помош. Претседателот на Ел Салвадор, Наиб Букеле, вели дека неговата земја подготвила 50 тони опрема и материјали, како и 300 спасувачи кои се подготвени да заминат за Каракас. Еквадор, исто така, договорил помошта веднаш да биде испратена во Венецуела, вели неговиот претседател Даниел Нобоа Азин.

Во меѓувреме, бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва изјави дека неговата земја ќе процени какви мерки за помош може да усвои за да ги поддржи граѓаните на Венецуела. Мексиканскиот министер за надворешни работи, Роберто Веласко Алварез, исто така, ѝ понуди на Венецуела цела солидарност и поддршка што може да ѝ биде потребна.

Претседателката Родригез, му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп во објава на социјалните мрежи, велејќи дека е во постојан контакт со венецуелските власти. Таа, исто така, им се заблагодари на индискиот премиер Нарендра Моди и на претседателот на Чиле, Хозе Антонио Каст, меѓу другите.

Трамп претходно рече дека САД се подготвени и способни да помогнат, додавајќи дека им дал инструкции на сите агенции да се подготват за брзо дејствување.

Венецуела лежи во сеизмички активна зона каде што се среќаваат две тектонски плочи, Карипската и Јужноамериканската.

Според Геолошкиот завод на САД, вториот и поголем од двата земјотреси денес се случил како резултат на плитко лизгање на расед во близина на границата на овие плочи. Тоа е кога раседите, или пукнатините меѓу плочите, се движат хоризонтално. Земјотрес се предизвикува кога ова движење се случува брзо.

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години, според историските податоци од УСГС.

Според нивните записи, најразорниот земјотрес во историјата на Венецуела се случил во 1900 година, кога земјотрес со магнитуда од 7,7 степени го погодил северниот брег на земјата, во непосредна близина на главниот град Каракас.

Епицентарот на тој историски земјотрес бил оддалечен само неколку стотици километри од епицентарот на денешните земјотреси.

Повеќе
Милановиќ му ги одзеде одликувањата на Главаш по пресудата за воени злосторства
Куртулмуш повика на сеопфатни реформи низ целиот исламски свет
Данска: Разговорите за Гренланд со САД би можеле да завршат со договор до крајот на годината
Лавров: Русија нема да се согласи на примирје во Украина заради мировни преговори
Трамп му рекол на Нетанјаху: „На сите Евреи им е преку глава од тебе“
Ердоган: Мирот ќе преовлада и покрај израелските провокации
Радев: Американските воени авиони го напуштаат аеродромот во Софија кон крајот на месецот
Заврши судењето на Нетанјаху за корупција по 98 судски рочишта
Рубио ја потврди посветеноста на САД за ОАЕ и заливските земји по војната со Иран
Убиено палестинско дете во израелските напади врз Газа
Трамп: Преговорите со Иран ќе завршат ако воведат давачки за бродовите
Русија најави нова рунда разговори со САД до крајот на летото
Хакан Фидан во Канада: Фокус на трговијата, енергетиката и зајакнувањето на билатералната соработка
Италијански експерт предвидува дека европскиот топлотен бран би можел да продолжи до крајот на јуни
Џозеф Аун: Разговорите со Израел се одвоени од средбите меѓу САД и Иран во Швајцарија