| Macedonian
Германската индустрија загубила речиси 500.000 работни места за седум години
Вработеноста во индустријата опаднала за 7,1% во периодот од крајот на 2018 до крајот на 2025 година, додека секторот на услуги отвори повеќе од 2,2 милиони нови работни места, наведува институтот Ифо
Германската индустрија загубила речиси 500.000 работни места за седум години
Производителите на метални производи укинале 115.600 работни места, а компаниите за машинско инженерство го намалиле бројот на вработени за 64.500

Германскиот индустриски сектор загубил речиси половина милион работни места помеѓу крајот на 2018 и крајот на 2025 година, бидејќи традиционалните производни индустрии се намалиле, додека вработеноста во секторот на услуги пораснал, соопшти во понеделникот институтот Ифо.

Бројот на вработени во индустријата кои подлежат на придонеси за социјално осигурување се намалил за 496.000, односно за 7,1% во текот на овој период, се вели во студијата.

Секторот на услуги отворил, пак, повеќе од 2,2 милиони работни места, при што најголем пораст е забележан во здравството, социјалните услуги и јавната администрација.

Автомобилската индустрија и нејзините добавувачи изгубиле 123.500 работни места, што претставува пад од 13%. Производителите на метални производи укинале 115.600 работни места, додека компаниите во секторот за машинско инженерство го намалиле бројот на вработени за 64.500.

Заедно, овие три индустрии учествуваат со околу 60 % во вкупниот број изгубени работни места во индустријата.

Основата за просперитет ја губи својата позиција

Јоаким Рагниц, заменик-директор на Ифо во Дрезден, изјави дека Германија минува низ интензивна структурна трансформација, при што индустриите што претходно биле темел на нејзиниот просперитет ја губат својата позиција.

Тој предупреди дека растот на вработеноста главно се случува надвор од областите во кои Германија била особено продуктивна и иновативна, што потенцијално би можело да ги ослаби нејзините идни изгледи за раст.

Во здравството се отворени 391.000 работни места, додека социјалните услуги-вклучително и домовите за згрижување- создале 357.000 работни места, што е одраз на побарувачката од страна на населението кое старее.

Бројот на вработени кои подлежат на придонеси за социјално осигурување во јавната администрација се зголемил за 329.000, делумно поради тоа што државните службеници кои заминале биле заменети со вработени кои примаат плата (во рамките на системот на социјално осигурување).

Меѓу приватните даватели на услуги, најсилен раст на вработеноста забележале ИТ-компаниите. Бројот на вработени со стручни квалификации се намалил за 252.000, додека вработеноста кај дипломираните студенти се зголемил за 1,8 милиони, што го истакнува ризикот од регионално несовпаѓање и несовпаѓање на вештините помеѓу понудата и побарувачката на работна сила.

Индустриското вработување се намалило во секоја германска покраина освен во Хамбург, паѓајќи за 8,4% во источна Германија и 6,8% на запад.

Студијата користи податоци од Федералната агенција за вработување и ги исклучува самовработените, државните службеници и луѓето со маргинално вработување познати како мини-работни места.

Повеќе
Веб-страници на Влади и компании ширум светот беа исклучени откако ВИ откри пропусти во безбедноста
Преговорите за спојување со Тесла на СпејсX и ги зголемија акциите за 4,9%
ОН предупредува: Светот оди кон затоплување од 2,8°Ц до крајот на векот
Турската ракета „Фергани“ успешно го лансираше шестиот сателит во орбитата
Јапонија во историска мисија лансираше летало кое ќе собира примероци од месечината Фобос на Марс
Европски телекомуникациски компании во заеднички проект за сателитско поврзување
Маск вети по една акција од СпејсX за секое дете во САД
Белгиската кралица и крунската принцеза цел на голи слики генерирани од вештачка интелигенција
Сериозни последиците од климатските промени врз здравјето на европските граѓани
Новите трговски патишта на Арктикот доаѓаат со голема климатска цена
Туркиш Ерлајнс потпиша меморандум со ЦФМ за над 300 авионски мотори
Тесла го претстави новиот летачки автомобил по речиси една деценија одложување
Започна „Недела на иновации на Туркије“ со фокус на ВИ
Кина лансираше осум сателити за вештачка интелигенција од десетте испратени во орбитата
Осум американски држави го тужат OпенАИ поради ризиците од ЧетГПТ за децата
Европските компании сè повеќе користат вештачка интелигенција
Роверот „Персеверанс“ на НАСА постави нов рекорд на Марс
Антропик: Моделите на ВИ наскоро би можеле да се копираат низ паметните уреди без човечка контрола
ММФ: Војната и ВИ го менуваат глобалниот раст, јазот меѓу земјите се продлабочува
Кинеската компанија БИД размислува за отворање уште две фабрики за автомобили во Европа