| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
Тошковски - Кочиу: Пред летната сезона ќе профункционира „One Stop Shop“ меѓу двете држави
„Сметам дека пред почетокот на летната сезона би можеле како што го имплементиравме One Stop системот со Косово и со Србија да го имплементираме и со Албанија.“
Тошковски - Кочиу: Пред летната сезона ќе профункционира „One Stop Shop“ меѓу двете држави
Тошковски - Кочиу: Пред летната сезона ќе профункционира „One Stop Shop“ меѓу двете држави

Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија Панче Тошковски во Министерството за внатрешни работи оствари билатерална средба со министерката за внатрешни работи на Република Албанија, Албана Кочиу, која престојува во официјална посета на земјава.

Како што соопшти прес-службата на МВР, на средбата беа разгледани повеќе значајни прашања од заеднички интерес, со акцент на унапредување на општата соработка меѓу двете министерства, планот до почетокот на туристичката сезона да се имплементира One Stop системот и со Република Албанија, можноста за пуштање на граничен премин „Џепиште – Требиште“ да работи постојано 24 часа во годината, како и активностите поврзани со нацрт-договорите меѓу двете влади за воспоставување заеднички контроли на заедничките гранични премини и за основање и функционирање на Центар за полициска и царинска соработка.

„Сметам дека пред почетокот на летната сезона би можеле како што го имплементиравме One Stop системот со Косово и со Србија да го имплементираме и со Албанија и да ги затвориме државите кои што не се дел од ЕУ со еден по-брз трансфер на граѓаните кои што ќе ги намали чекањето на нашите граници. Исто така ја разгледавме можноста граничниот премин Џепиште-Требиште во иднина, оној режим на функционирање кој што ги има сега, а тоа е во летен период до 8 часот, во зимски период до 18 часот, да го продолжиме согласно можностите и капацитетите на двете министерства, да функционира 24/7 во текот на годината, со тоа што ќе им овозможиме на граѓаните од едната и од другата страна да имаат по добра комуникација, да остваруваат по голем број на услуги од едната и од другата страна и да, навистина, нашата одлична соработка ја покренеме на уште едно по високо и по добро ниво.“, потенцираше министерот Тошковски. 

Во рамки на посетата се одржа и средба на високо ниво меѓу министрите за внатрешни работи и директорите на царинските служби на двете земји, посветена на воспоставувањето на Заеднички контакт центар за полициска и царинска соработка. Се наведува дека овој центар ќе претставува дополнителен механизам за побрза и поефикасна размена на информации, координација и заедничко делување во справувањето со прекуграничниот криминал, нелегалната миграција, трговијата со дрога и другите безбедносни предизвици.

„Склучувањето на Договорот за основање и функционирање на Центар за полициска и царинска соработка ќе придонесе за зајакнување на прекуграничната соработка и граничната контрола, како и за поефикасна борба против илегалната миграција, организираниот криминал и другите безбедносни закани. Македонија има воспоставено четири заеднички контакт центри – на Деве Баир со Република Бугарија, Ќафасан со Република Албанија, Блаце со Република Косово и Табановце со Република Србија. Овие центри секојдневно ја остваруваат својата основна функција за размена на информации, испраќање пораки за рано предупредување и координација во борбата против прекуграничниот криминал. Новиот Центар за полициска и царинска соработка ќе биде уште еден силен механизам во оваа мрежа.“ истакна министерот Тошковски.

Тој додаде дека ваквите иницијативи се директна потврда на меѓусебната доверба и стратешкото партнерство меѓу двете земји.

На средбата беше потврдена заедничката посветеност на Република Северна Македонија и Република Албанија за натамошно продлабочување на добрососедските односи, јакнење на регионалната стабилност и унапредување на европската перспектива на регионот.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Европскиот парламент конечно ги изгласа пакетот за трговскиот договор меѓу ЕУ и САД
Турска болница ја изврши првата во светот осумкратна вкрстена трансплантација на црн дроб
Самитот на лидерите на Г7 започна во Франција, светските лидери дискутираат за глобални прашања
Техеран: Крајот на војната во Либан е предуслов за завршување на војната со Иран
Аеродромот во Анкара е отворен во турскиот главен град пред самитот на НАТО
Израелскиот радикален десничар и министер Бен Гвир не отпатува во САД поради проблеми со визата
Иран ќе формира одбор за тргување со рубља, додека шефот на централната банка ја посетува Москва
Калас: ЕУ ја нагласува важноста Либан да биде опфатен со мировниот договор САД-Иран
Венс: Нуклеарните инспектори ќе влезат во Иран по финалниот договор
Остатоци од дрон предизвикаа пожар во руско нафтено складиште
Такаичи на Г7 предложи заедничко складирање на ретките минерали
Осум загинати при пад на американски Б-52 бомбардер во Калифорнија
Опожарени возила со дипломатски статус близу бугарската амбасада во Скопје, Владата го осуди чинот
Аун: Договорот САД-Иран ја признава важноста на Либан за регионот
Турскиот и иранскиот министер за надворешни работи разговараа за договорот меѓу САД и Иран