| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Северна Кореја истрелала повеќе балистички ракети со краток дострел
Сеул соопшти дека го засилил надзорот и дека будно следи евентуални дополнителни лансирања, истовремено координирајќи го споделувањето информации со САД и Јапонија и одржувајќи целосна воена подготвеност
Северна Кореја истрелала повеќе балистички ракети со краток дострел
Лансирањето доаѓа во време на шпекулации дека кинескиот претседател Kси Џинпинг би можел да ја посети Северна Кореја во претстојните недели / AA

Северна Кореја денес истрелала повеќе балистички ракети со краток дострел кон Жолтото Море, објави „Јонхап њуз“.

Здружениот штаб на вооружените сили на Јужна Кореја соопшти дека ракетите биле детектирани околу 13 часот по локално време (4:00 часот по Гринич) и дека биле лансирани од областа Џонгџу во провинцијата Северен Пјонган.

Во соопштението се наведува дека истреланите проектили се идентификувани како балистички ракети со краток дострел, кои вообичаено се дефинираат како ракети со дострел под 300 километри.

Сеул соопшти дека го засилил надзорот и дека будно следи евентуални дополнителни лансирања, истовремено координирајќи го споделувањето информации со САД и Јапонија и одржувајќи целосна воена подготвеност.

Најновите тестирања следуваат по неодамнешните ракетни лансирања, вклучувајќи ги лансирањата со краток дострел во април и тестирањето крстосувачки ракети под надзор на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун на 12 април.

Лансирањето, исто така, доаѓа во време на шпекулации дека кинескиот претседател Си Ѓинпинг би можел да ја посети Северна Кореја во претстојните недели.

Во меѓувреме, Јужна Кореја упати апел за соработка со Сеул за унапредување на мирот на Корејскиот Полуостров, набрзо откако Пјонгјанг истрела повеќе ракети.

„Уште еднаш ја повикуваме Северна Кореја да одговори на нашата мировна политика и на напорите за ублажување на тензиите“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Пак Ил.

Повеќе
Рубио: САД сѐ уште се подготвени да посредуваат меѓу Украина и Русија
Најмалку 17 убиени лица во израелските воздушни напади во јужен Либан
Пакистанскиот министер за одбрана: Приклучувањето кон Абрахамовиот договор е неприфатливо
Американски и израелски авиони нападнаа ирански бродови во близина на Ормускиот Tеснец
Претседателот на Иран потпиша одлука за повторно отворање на пристапот до интернет
Американски и израелски авиони нападнаа ирански бродови во близина на Ормускиот Tеснец
Трамп: Договорот со Иран мора да биде „одличен“ или нема да има никаков договор
Иран: Соборен непријателски дрон над островот Кешм близу Ормутскиот Теснец
Папата Лео повикува на внимателен пристап кон вештачката интелигенција
Поднесена е тужба во Полска против израелски претставници за злосторства во Газа
Курти: Односите на Косово со Туркије се одлични
Шариф: Со посредство на Пакистан работите се движат во вистинска насока меѓу САД и Иран
Мицкоски:  Се соочуваме со неправедна блокада на патот кон ЕУ
Пезешкијан: Подготвени сме да го увериме светот дека не тежнееме кон нуклеарно оружје
Партнерите на Нетанјаху бараат забрана за арапските партии пред изборите