Израел ги руши објектите во седиштето на УНРВА во окупираниот Источен Ерусалим
Ова е невиден напад врз Агенцијата за палестински бегалци и нејзините простории, и тоа претставува сериозно кршење на меѓународното право и привилегиите и имунитетите на Обединетите нации, изјави портпаролот на УНРВА, Џонатан Фаулер
Израелските сили и екстремно десничарскиот министер за национална безбедност Бен-Гвир во вторникот упаднале во затворената канцеларија на Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВA) во окупираниот Источен Ерусалим и почнале да ги уриваат објектите, изјавија сведоци.
Сведоците изјавија за Анадолија дека израелските екипи, придружени од најмалку еден булдожер, сепаркирале во комплексот лоциран во населбата Шеик Џара и ги рушат мобилните и трајните структури на локацијата.
Сведоците додадоа дека израелските сили, исто така, го кренале израелското знаме над комплексот, заменувајќи го знамето на ОН.
Портпаролот на УНРВА, Џонатан Фаулер, изјави за АФП дека израелските сили „влегле во“ комплексот кратко по 7 часот наутро.
„Ова е невиден напад врз УНРВА и нејзините простории. И тоа претставува сериозно кршење на меѓународното право и привилегиите и имунитетите на Обединетите нации“, додаде тој.
Арје Кинг, израелски заменик-градоначалник на Ерусалим, во објава на американската платформа за социјални медиуми X ја нарече УНРВА „нацист“ и рече дека нејзиното отстранување од Ерусалим е во тек по протестите и притисокот.