Македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова им ја честиташе изборната победа на новоизбраната претседателка на Бугарија, Илијана Јотова, и на нејзиниот потпретседател Кирил Валчев.
„Успехот на претседателката Јотова ја одразува волјата на бугарскиот народ. Уверена сум дека под нејзино претседателство Бугарија ќе има конструктивна улога во нашиот регион и во Европа“, објави Сиљановска-Давкова.
ПРЕПОРАЧАНО
Таа изрази очекување за соработка заснована на меѓусебна почит, отворен дијалог и вистинско партнерство.
„Со добра волја можеме да ги надминеме постојните предизвици, да ги зајакнеме македонско-бугарските односи и да ги унапредиме мирот, стабилноста и просперитетот“, порача Сиљановска-Давкова.

























