Најмалку 40 лица, вклучувајќи и ученички убиени во израелско-американски напад врз училиште во Иран
Основно училиште за девојчиња во градот Минаб било директен цел на нападите, изјави официјален претставник
Најмалку 40 лица, вклучувајќи и ученици, се убиени, а 48 други се ранети откако израелските напади погодија основно училиште за девојчиња во градот Минаб во јужната иранска покраина Хормозган, објавија иранските медиуми.
Цитирајќи покраински официјален претставник, иранската телевизија ИРИБ во саботата соопшти дека училиштето било погодено за време на нападите претходно во текот на денот.
Понатамошни детали не беа веднаш достапни.
САД и Израел започнаа заеднички напад врз Иран рано во саботата, тврдејќи дека истиот имал за цел да ги отстрани „заканите“ што ги претставува иранскиот „режим“.
Одделни видео изјави објавија израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и американскиот претседател Доналд Трамп, кои исто така алудираа на поддршка на напорите за промена на владата во Техеран.
Иран ги нарече нападите кршење на суверенитетот, вети дека ќе одговори и започна одмазднички напади.
Развојот на настаните се случи во време кога Оман посредуваше во разговорите меѓу Вашингтон и Техеран за нуклеарната програма на Иран, а последната рунда се одржа во Женева во четврток.