Зеленски: Ако се сретнам со Путин нема да разговараме за историја за да ја ставиме крај на војната

Не сум прочитал помалку книги за историја од Путин. И научив многу. Знам повеќе за неговата земја отколку тој за Украина, вели претседателот на Украина.

By
Germany Munich Security Conference / AP

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека доколку се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, ќе разговара за брзо завршување на војната и нема да се осврне на „историските дискусии“.

„Постои безбедносен проблем. Против нас се води голема војна. Ова се нашите животи. Единственото нешто за кое сакам да разговарам со него е дека, според мене, мора успешно да го решиме ова. Мислам дека треба брзо да ја завршиме оваа војна. Затоа сакам да разговарам само за такви работи“, рече Зеленски во интервју за британскиот новинар Пирс Морган, од кое делови беа објавени на Телеграм каналот на претседателот на Украина.

Зеленски нагласи дека не му се потребни „сите тие историски приказни за да се заврши војната и да се премине на дипломатија“, пренесува Укринформ.

Според него, тоа е само тактика на одложување.

„Не сум прочитал помалку книги за историја од Путин. И научив многу. Знам повеќе за неговата земја отколку тој за Украина. Едноставно затоа што сум бил во многу градови во Русија. И познавам многу луѓе таму. Тој никогаш не бил толку многу пати во Украина. Тој бил само во големи градови. Јас сум бил во мали градови. Од север до југ. Насекаде. Го знам нивниот менталитет. Затоа не сакам да губам време на сите овие работи“, рече Зеленски.

Во претходно интервју за „Аксиос“, Зеленски рече дека најдобриот начин да се постигне напредок во прашањето за спорните територии во мировните преговори е Путин лично да се сретне со него, според Укринформ.