Христијанските пастори се молат за Трамп во Овалната соба при американско-израелската офанзива

Во видеото објавено од заменик-шефот на Кабинетот на Белата куќа, Ден Скавино, на американската компанија за социјални медиуми X, еден свештеник се молел за „континуиран благослов и милост“ за претседателот и побарал мудрост што ќе го води во услов

By
Христијанските пастори се молат за Трамп во Овалната соба при американско-израелската офанзива / Other

Христијанските пастори денес се собраа во Овалната соба за да се помолат за американскиот претседател Доналд Трамп во време на тековната офанзива на САД и Израел врз Иран.

Во видеото објавено од заменик-шефот на Кабинетот на Белата куќа, Ден Скавино, на американската компанија за социјални медиуми X, еден свештеник се молел за „континуиран благослов и милост“ за претседателот и побарал мудрост што ќе го води во услови на актуелните предизвици.

„Се молам за Ваша милост и Ваша заштита над него. Се молам за Ваша милост и заштита над нашите војници и сите наши мажи и жени што служат во нашите вооружени сили“, рече пасторот.

Израел и САД продолжуваат со голема офанзива врз Иран од 28 февруари, а Иран возврати со напади со беспилотни летала и ракети насочени кон Израел, како и кон земјите од Заливот во кои се наоѓаат американски воени бази.