Ѓуриќ во Минхен: Србија определена за унапредување на партнерската соработка со НАТО
Министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ, ја нагласи определбата на неговата земја за „унапредување на партнерската соработка со НАТО“.
Министерот за надворешни работи на Србија на состанок со помошникот на генералниот секретар на НАТО повторил „загриженост поради активностите на Загреб, Тирана и Приштина и постигнувањето на последниот договор кој претставува повеќе од воено-техничка соработка, што Белград внимателно го следи, укажувајќи дека таквите одлуки не придонесуваат за стабилноста на регионот“, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи.
Марко Ѓуриќ ја истакна определбата за унапредување на партнерската соработка со НАТО во сите области од заеднички интерес, како и во сферите што придонесуваат за стабилноста и развојот на регионот, соопшти Министерството за надворешни работи на Србија.
„Министерот за надворешни работи на Србија повтори загриженост поради активностите на Загреб, Тирана и Приштина и постигнувањето на последниот договор кој претставува повеќе од воено-техничка соработка, што Белград внимателно го следи, укажувајќи дека таквите одлуки не придонесуваат за стабилноста на регионот“, се наведува во соопштението.
Тој истакна дека ангажманот на КФОР е клучен за зачувување на безбедноста на Косово и во целиот регион и додаде дека „Србија очекува КФОР, во согласност со својот мандат, да продолжи да дејствува со цел да спречи какво било нарушување на безбедносната состојба на теренот и да ги заштити Србите во АП КиМ, кои се во исклучително тешка положба поради репресивните потези на Приштина“.
Тој повтори дека Србија останува посветена на дијалогот со цел да се обезбеди траен мир и стабилност во регионот.
„Воздржувањето на Приштина од еднострани потези и провокации претставува предуслов за враќање кон дијалогот, за што е неопходна поддршка од меѓународната заедница, вклучително и од НАТО“, истакна Ѓуриќ.
Србија, како што се наведува во соопштението, ќе продолжи да ја гради позицијата на одговорен, доверлив и предвидлив партнер на НАТО, со цел остварување на заедничките интереси и зачувување на мирот и стабилноста во регионот.
Минхенската безбедносна конференција 2026 започна во петокот, на 13 февруари, и се смета за една од најзначајните од своето основање во 1963 година поради актуелните глобални тензии. Конференцијата трае до недела, 15 февруари.