| Macedonian
ВОЈНА ВО ГАЗА
1 мин читање
Палестинци и странски активисти повредени во напад на израелски доселеници на Западниот Брег
Инцидентот се случил во градот Абу Фалах кога десетици израелски доселеници ги нападнале граќаните и странските активисти додека се упатувале кон земјоделско земјиште и ги испрскале со пипер-спреј
Палестинци и странски активисти повредени во напад на израелски доселеници на Западниот Брег
Палестинските власти предупредуваат дека ескалацијата на насилството го отвора патот за Израел официјално да го анектира окупираниот Западен Брег / Reuters

Неколку Палестинци и странски активисти се повредени денес при напад на израелски доселеници во близина на Рамала, во централниот дел на окупираниот Западен Брег.

Според дописникот, десетици израелски доселеници ги нападнале жителите на градот Абу Фалах и странските активисти додека се упатувале кон земјоделско земјиште.

Доселениците ги претепале Палестинците и активистите и ги испрскале со пипер-спреј, при што повеќе лица се здобиле со повреди.

Засега нема официјални податоци за националноста на странските активисти и бројот на повредените.

Нападот се случува во време на ескалација на нападите од страна на израелските доселеници врз палестинските градови и села низ окупираниот Западен Брег, за кои палестински извори велат дека се вршат под заштита на израелската Армија.

Според официјалните палестински податоци, од 8 октомври 2023 година, најмалку 1.175 Палестинци се убиени, 12.919 се повредени, речиси 24.000 се приведени, а околу 33.000 се раселени на окупираниот Западен Брег за време на интензивираните израелски воени операции и нападите на израелските доселеници.

Палестинските власти предупредуваат дека ескалацијата на насилството го отвора патот за Израел официјално да го анектира окупираниот Западен Брег, со што практично би се елиминирала можноста за воспоставување независна палестинска држава во согласност со резолуциите на Обединетите нации.

Повеќе
Армијата доби нова опрема вредна 40 милиони евра обезбедена преку Европскиот мировен фонд
Палестинци и странски активисти повредени во напад на израелски доселеници на Западниот Брег
САД го предупредиле Иран дека преговарачите Арагчи и Калибаф се можни израелски цели
Ден на жалост во Киев по вчерашниот руски напад во кој загинаа најмалку 30 лица
Туркије постигна рекорден извоз од 278 милијарди долари во последните 12 месеци
Премиерот на Молдавија Александар Мунтеану поднесе оставка
Тајната служба пропуштила 102 радио повици за време на обидот за атентат врз Трамп во Пенсилванија
Демонстрант со знаме на Тибет се самозапалил пред седиштето на ОН во Њујорк
САД: ИЦЕ уапси 10.000 мигранти за пет дена, најавени се нови апсења
Фидан: Ердоган и Трамп имаат заедничка волја за укинување на санкциите преку КААТСА
Одобрувањето на нови израелски населби во Западниот Брег предизвикаа реакции кај Палестинците
Земјотрес со јачина од 6,2 степени ја погоди источна Индонезија
Најмалку 21.000 деца убиени во Газа по 1.000 дена израелска војна: Спасете ги децата!
1.000 клима уреди ќе бидат доставени до болниците во регионот на Париз до крајот на неделата
Перу прогласи вонредна состојба во 22 региони поради претстојните дождови поврзани со Ел Нињо