| Macedonian
ПОЛИТИКА
3 мин читање
Муцунски: Во последните 20 месеци имаме договори од огромно стратешко значење за државата
Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, оцени дека „надворешнополитичката траекторија на државата е јасна и дека во релативно краток период се направени конкретни исчекори“.
Муцунски: Во последните 20 месеци имаме договори од огромно стратешко значење за државата
Муцунски: Во последните 20 месеци имаме договори од огромно стратешко значење за државата / Other
16 февруари 2026

Во изминатите дваесет месеци државата донесе неколку одлуки и склучи договори со исклучително значење за нејзиното стратешко позиционирање, истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, во изјава за медиумите од Михенската безбедносна конференција.

„Во последните дваесет месеци во делот на надворешната политика имаме неколку одлуки и договори кои имаат огромно значење за стратешкото позиционирање на нашата држава. Прво е Партнерството за безбедност и одбрана со Европската Унија – бевме прва земја во регионот што склучи таков договор. Потоа следеше новото стратешко партнерство со Обединетото Кралство, како и завршувањето на постмониторингот од Советот на Европа. Четвртиот клучен документ е Заедничката изјава за реципрочна трговија со Соединетите Американски Држави, која обезбедува јасен пат кон договор за реципрочна трговија“, нагласи Муцунски, пренесува во соопштение Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. 

Тој посочи дека изјавата предвидува задржување на тарифата од 15 проценти, која е пониска во споредба со голем број земји во светот, но и отвора можност за тарифи до нула проценти за специфични гранки и производи значајни за нашиот извоз кон САД. Целта е подобри услови за нашиот бизнис, како и развивање на други стратешки односи со САД во делот на енергетиката и дигиталната трансформација - истакна министерот.

Муцунски оцени дека „надворешнополитичката траекторија на државата е јасна и дека во релативно краток период се направени конкретни исчекори“.

„Успеавме во дваесет месеци стратешки да позиционираме повеќе клучни области, а сето тоа носи конкретни придобивки за нашите граѓани, за деловната заедница и за државата во целина“, посочи шефот на дипломатијата.

Осврнувајќи се на пораките од Минхенската безбедносна конференција, министерот истакна дека клучната порака од европските и американските претставници е Европа да се врати кон своите основни вредности.

„Основната порака е дека Европа треба да се врати кон своите основни вредности – не само во безбедносниот, туку и во цивилизацискиот контекст. Потребно е да се зајакне безбедносната архитектура, но и да се направи преиспитување на одредени политики што придонесоа за намалување на економската моќ на континентот“, рече Муцунски.

Тој додаде дека Соединетите Американски Држави испраќаат порака на партнерство и заедничка соработка во рамки на трансатлантските односи.

„Постои јасна порака за заедничка соработка, што е важно од аспект на нашата колективна безбедност и иднината на НАТО како алијанса. Истовремено, време е да се препознае дека геополитичката ера на која бевме навикнати во последните децении е променета и дека и ние како држава мораме јасно да се позиционираме во согласност со новите глобални трендови“, изјави министерот Муцунски.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Воениот злосторник Ратко Младиќ претрпел мозочен удар во затворот во Хаг
Министерот Зукорлиќ во официјална посета на Северна Македонија
Кина ги отфрли заканите на САД за секундарни санкции за иранската нафта
Претседателката Сиљановска-Давкова ќе учествува на Дипломатскиот форум во Анталија
Левица ја обвини Владата на Мерц дека ја подгрева војната во Иран
НАСА: Астероидот „Бог на хаосот“ ќе помине во близина на Земјата за 3 години
Трамп: Лидерите на Израел и Либан ќе одржат разговори
Бродови поврзани со Иран пловат по нови рути по блокадата на САД
Најмалку 2 загинати, 18 повредени во руски воздушен напад врз Киев
Средба на европските градоначалници во Скопје
Ердоган упати сочувство по смртоносната пукотница во училиштето во Кахраманмараш на југот од Туркије
Белата куќа: Следната рунда преговори меѓу САД и Иран најверојатно ќе се одржи во Исламабад
Муцунски-Прево: Белгија силно ја поддржува Северна Македонија на патот кон ЕУ
Израелскиот висок суд разгледува петиција за разрешување на крајнодесничарскиот министер Бен-Гвир
Туркије договори со Светска банка финансирање на голем железнички премин во Истанбул