Европски суд: Одлуката на Италија за забрана на одгледување на ГМО пченка е легитимна

Одлуката се однесувана случајот на италијански земјоделец, кој се жалел до Судот зашто му било наредено да уништи посев на генетски модифицирана пченка засадена на неговата фарма и покрај забраната, и кој бил казнет со 50.000 евра

By
Судот, исто така, наведе дека легалноста на забраната за одгледување пченка во Италија е потврдена врз основа на таа постапка / Reuters

Европскиот суд на правдата денес објави дека забраната за одгледување на генетски модифицирана пченка во Италија е легитимна и дека поддржува секоја постапка што им дозволува на земјите-членки да забранат ГМО.

Таа одлука се однесуваше на случајот на италијански земјоделец, кој се жалеше до Европскиот суд затоа што му беше наредено да уништи посев на генетски модифицирана пченка засадена на неговата фарма и покрај забраната, и кој беше казнет со вкупна казна од 50.000 евра, пренесува Анса.

Судот објави дека ја поддржува постапката што, на барање на земја-членка, ѝ дозволува на Европската комисија да ја ограничи зоната каде што е одобрено одгледувањето на ГМО.

Исто така, беше наведено дека легалноста на забраната за одгледување пченка во Италија е потврдена врз основа на таа постапка.