Виктор Мазнев – Херојот од Велес кој спасил илјадници бездомни животни
РЕГИОН
3 мин читање
Виктор Мазнев – Херојот од Велес кој спасил илјадници бездомни животниСтационарот во Војница, каде и живее наликува и на мини зоолошка градина. Тој себеси се става во втор план. Потребите на милениците често бараат ангажман од утро до мрак. Илјадници животни со помош на Виктор Мазнев биле вдомени и низ Еропа.
Viktor Maznev / TRT Balkan MK
пред 3 часа

Велешанецот Виктор Мазнев е вистиски херој кој секојдневно им го спасува животот на многу напуштени или болни животни. Неговата мисија е да им обезбеди трајно живеалиште или привремено прибежиште. Денес стационарот во Војница, близу Велес каде и живее наликува и на мини зоолошка градина. Кучињата се најбројни. Ги има четириесетина, а низ стационарот годиниве минале околу 2 000. Грижата и за коњите, козите, мачките, живината е негово секојдневие.

„Уште на 14 години бев некој што ги хранеше животните по улица и имав кучиња што додека одев низ град ме следеа и доаѓаа со мене. Идејата дојде од тоа што гледав колку многу има кучиња на улица на коишто им треба помош и сфатив дека не може да бараме некој друг да го прави тоа. Кога ќе го сфатиме тоа и кога ќе разбереме дека на нив им треба помош ние сме тие кои треба да ја преземеме акцијата”, вели Виктор.

Неговата улога била клучна кога дел од животните речиси сигурно немало да преживеат без човечка грижа.

„Многу од нив сум ги нашол фрлени во контејнер. Поради тоа што луѓето не ги стерилизираат своите миленици. Ги пуштаат да се парат слободно, а подоцна плодот го фрлаат во контејнер. Има преку 20-30 кучиња што ги имам изгледано на цуцла, што треба грижа на секои два три часа, хранење. Мачиња исто имам хрането на цуцла. Јариња имам хрането на цуцла, јагне имам хрането на цуцла. Се грижиш буквално како да си им мајка. И мора да пијат млеко на секои два три часа”, раскажува Виктор во разговор за ТРТ Балкан.

Тој себеси се става во втор план. Задоволувањето на потребите на милениците често бара ангажман од утро до мрак.

„Стануваш од спиење, од причина што имам дома девет кучиња што спијат со мене, прво го фаќаш џогерот па потоа го пиеш кафето. Подоцна доаѓаат животните што се надвор. Мораш да поминеш сите да ги нахраниш, додека тие јадат, почнуваш со живината, потоа одиш кај коњите, подоцна се враќаш пак кај кучињата, чистиш и гледаш да завршиш додека не те стемни”, истакнува Мазнев.

Виктор не размислува за друг ангажман во иднина. Негова опсесија и приоритет се животните.

„ И кога ќе ги разбереш дека и тие носат чиста душа, многу почиста од човечката. Дека немаат задни намери, дека секогаш се искрени кон тебе. Дека нема кај нив лицемерие или пак некои такви работи сфаќаш дека тие се едни чисти суштества на светот како што се и децата”, вели Мазнев.

Илјадници животни со помош на Виктор Мазнев биле вдомени и низ Европа.

Повеќе
Зошто Иран се потпира на својата доктрина за војување со роење додека се наѕира конфликт со САД
Ердоган: Земјотресите во 2023 година во Туркије предизвикаа штета од околу 250 милијарди долари
Лавров: Не сакаме НАТО да биде вклучен во безбедноста на целиот Евроазиски континент
Мерц: ЕУ е секогаш подготвена за разговори со Русија за завршување на војната во Украина
Франција станува првата земја од ЕУ што отвора генерален конзулат во Гренланд
OН: Вооружени израелски доселеници протерале 900 Палестинци од Западниот Брег од јануари
Најмалку 30 загинати во самоубиствен бомбашки напад во џамија во главниот град на Пакистан
Трамп покрена онлајн продавница за лекови со попуст: Луѓето ќе штедат пари и ќе бидат здрави
Иран ја претстави најнапредната балистичка ракета во својот арсенал
Претседателот на Туркије ја одбележа третата годишнина од земјотресот во 2023 година
Канадскиот премиер Карни: Туркије е значаен партнер за Канада
Како црвен автомобил од Азербејџан стана симбол на солидарност по земјотресот во Туркије во 2023
Војската на САД уништи уште еден наводен нарко-брод во Пацификот
Турски МИТ приведе двајца осомничени соработници на Мосад во Истанбул
Арагчи и Бусаиди се сретнаа пред разговорите САД-Иран во Оман