| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
Мицкоски: Состојбата со горивата е стабилна, струјата нема да поскапи
Ги уверувам граѓаните дека состојбата е стабилна и нема апсолутно никаква причина за страв од немање енергенси или воведување на кризни состојби и во делот на пазарот на електрична енергија и во делот на пазарот на нафтени деривати, рече премиерот
Мицкоски: Состојбата со горивата е стабилна, струјата нема да поскапи
Деновиве во одредени моменти од денот, ЕСМ дури продава на берзи и заработува отприлика од 100 до 150 илјади евра на ден, рече Мицкоски / Others
пред ден

Ние сме единствена држава изминатава недела што ги намали цените, единствена држава во регионот и можеби најдобра во Европа што се однесува до цените на нафтата и нафтените деривати, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Претседателот на Владата одговараше на новинарски прашања во однос тоа дали ќе се продолжи мерката намалено ДДВ од 18 на 10% за горивата и дали можеби ќе се интервенира во акцизата, бидејќи се чека предолго со оглед на тоа што се поскапени горивата без разлика што се поевтини од оние земји во регионот, дали ќе се прогласи кризна состојба на пазарот со електрична енергија, како и дали оваа мерка веќе дава резултат.

„Безоловниот 95 и 98 октански е намален за 2,5 денари, а дизелот не се покачи. И тоа е резултат на одлука на Регулаторната комисија, тоа е прво. Второ, убедливо имаме најевтини цени на горивата во регионот. Тоа значи дека, ако кај нас безоловниот се движи од 1,33 евро центи за литар до 1,39 евро центи за литар, 95, 98 октанскиот и ако дизелот е некаде околу 1,5 – 1,53 евро центи за литар, да речеме во соседна Албанија и Грција е над 2 евра, во соседна Србија е од 1,81 до над 2 евра, во Косово исто така. Во Германија веќе имаме и до 3 што стигаат евра, цените по литар и во останатите европски земји“, рече премиерот.

Според него, во историски најголемата нафтена криза по онаа од седумдесеттите години на минатиот век, како држава рефлектираме стабилност и сигурност и план да се справиме со овој предизвик.

„Ги уверувам граѓаните дека во овој момент состојбата е стабилна и не гледам апсолутно никаква причина за страв од немање енергенси, воведување на не знам какви кризни состојби и во делот на пазарот на електрична енергија и во делот на пазарот на нафта и нафтени деривати. Што ќе се случува за месец, два, три, пет, не знаеме. Можеме да претпоставиме, да собираме информации, да анализираме и да носиме одлуки. Предизвици ќе има, тоа не зависи од нас. Зависи од други фактори во светот, но ние како Влада ќе реагираме исклучиво во интерес на граѓаните“, рече Мицкоски.

Тој најави дека Владата ќе ја продолжи мерката ако има зголемување на цените на безоловниот бензин и на дизелот, сѐ додека трае кризната состојба, а ако повторно ескалира, има уште алатки на располагање, како што се акцизи.

„Утрово суровата нафта од типот ВТИ и од типот Брент е околу стотина долари за барел, значи имаме благо намалување. Ќе видиме до петок како ќе се одвива сето ова, па на крај на ден во петок, кога ќе заврши тргувањето, ќе можеме да знаеме која ќе биде цената отприлика, којашто во понеделник Регулаторна комисија би ја донела. И врз основа на тоа ќе носиме одлука за време на викендот, ако треба вонредна седница на Владата ќе свикаме и тоа ќе го направиме“ рече премиерот..

Премиерот додаде дека во однос на пазарот на електричната енергија, ЕСМ има на располагање некаде околу 3.200 тони мазут, коишто се ставени на располагање.

„Од аспект на функционирањето на производните капацитети, тие функционираат. Акумулациите се на некаде отприлика над 40%, што за овој од годината, е да речеме најмалку двојно повеќе од некои минати времиња. Сега почнува и сезоната за наводнување, отприлика некаде првата половина на април. Имаме доволно количина вода и за производство на електрична енергија и за земјоделците за наводнување. Деновиве во одредени моменти од денот, ЕСМ дури продава на берзи и заработува отприлика од 100 до 150 илјади евра на ден. Нема да има поскапување на цената на електричната енергија за граѓаните, така што целата состојба е под апсолутна контрола“, рече Мицкоски.

Повеќе
Медиуми: Иран го започна најголемиот ракетен напад од почетокот на војната
Гаши: Соживотот и дијалогот клучни за стабилноста во регионот
Во Скопје одржан Самит на верските заедниции на Балканот
Трамп: Новото раководство на Иран бара прекин на огнот
Германија ги намалува загриженостите околу заканата на Трамп за напуштање на НАТО
Мицкоски: Состојбата со горивата е стабилна, струјата нема да поскапи
Ердоган: Израел првенствено е одговорен за незаконската војна со Иран
Трамп: Сериозно размислувам за повлекување на САД од НАТО
Техеран има 4 барања до САД и Израел за постигнување траен мир на Блискиот Исток
Иран ѝ се закани на Бугарија поради американските авиони стационирани на аеродромот во Софија
Зеленски: Русија бара повлекување на Украина од Донбас во рок од два месеци
Хамнеи: Иран ветува континуирана поддршка на Хезболах во борбата против САД и Израел
Хутите тврдат дека извршиле ракетен напад врз Израел заедно со Иран и Хезболах
Аракчи: Разменети се некои пораки меѓу Иран и САД, но тоа не значи дека преговараме
Папата Лав го повика Трамп да бара „излез од војната“ додека ескалира војната меѓу Иран