| Macedonian
СПОРТ
2 мин читање
Франција лесно до победа над Мароко за полуфинале на СП2026
Ова беше реприза на полуфиналето од минатото Светско првенство во Катар, кога Франција исто така славеше со идентични 2:0, но овој пат Французите ги го решија мечот за шест минути со головите на Мбапе и Дембеле во 60. и 66. минута
Франција лесно до победа над Мароко за полуфинале на СП2026
Мбапе го постигна својот осми гол на ова првенство и е израмнет со Лионел Меси на врвот на листата на стрелци

Француската фудбалска репрезентација е првиот полуфиналист на Светското првенство, откако во четвртфиналниот натпревар одигран во Бостон, актуелниот светски вицешампион го победи Мароко со 2:0 (0-0).

Ова беше реприза на полуфиналето од минатото Светско првенство во Катар, кога Франција исто така славеше со идентични 2:0, но овој пат Французите ги издоминираа противниците со голови во второто полувреме. Килијан Мбапе мајсторски погоди за 1:0 во 60. минута, додека во 66. минута веќе беше 2:0 по голот на Усман Дембеле.

Мароканците бараа од судијата да го поништи голот на Мбабе, кој од аголот на шеснаестерецот неодбранливо биеше во голот на Боно, поради игра со рака на еден од Французите претходно во акцијата. Сепак, немаше проверка од ВАР собата и голот беше признат.

Мбапе го постигна својот осми гол на ова првенство и е израмнет со Лионел Меси на врвот на листата на стрелци. Мбапе стигна и до 20-тиот гол во кариерата на Светските првенства, додека лидерот Меси моментално има 21 гол.

Франција не успеа да поведе по првото полувреме, имено, нивното водство го спречи мароканскиот голман Боно, кој го одбрани пеналот на Мбапе во 28. минута.

Во полуфиналето, Франција го чека победникот од четвртфиналниот натпревар помеѓу Шпанија и Белгија, кој е закажан за петок во Лос Анџелес, со почеток во 21 часот по средноевропско време.

Повеќе
Седницата за гласање недоверба на Владата на Србија е закажана за понеделник
Зеленски: Шест лица загинаа, десетици се повредени во рускиот напад врз регионот на Киев
Индија ja продолжува блокадата на мобилниот интернет во центарот на Њу Делхи
Муцунски: Охридскиот Регион останува на Листата на светско наследство на УНЕСКО
Мерц ја реконструираше владата, Нина Варкен првата жена на функцијата шеф на канцеларијата
Лавров: Треба да се утврди кој е одговорен за неуспехот на договорот од самитот на Алјаска
Мицотакис: Нема да има предвремени избори наесен, ќе бидат редовни во 2027 година
Масовна евакуација на жители и туристи во Франција по шумските пожари
ЕУ изненадена од новите тарифи наметнати од САД
Четворица Палестинци убиени во напад на израелската армија и доселеници кај Наблус на Западниот Брег
Туркије ги испраќа првите пилоти во Велика Британија за обука на Еурофајтер
Изгласана реконструкцијата на Владата на Црна Гора, именувани четири нови министри
Стапија на сила новите царини на САД за над 60 држави поради увоз од принудна работа
Трамп ќе замрзнува ирански средства за надомест на штетите во Ормутскиот Теснец
Кина и АСЕАН повикаа на итен прекин на непријателствата на Блискиот Исток