| Macedonian
СПОРТ
2 мин читање
Познати полуфиналистите на Европското првенство во Ракомет
Во полуфиналето и борба за медали Данска ќе игра против Исланд, откако ѝ одржа ракометна лекција на Норвешка (34:21), а Хрватска со Германија, која го доби дербито (38:34) против бранителот на титулата, Франција
Познати полуфиналистите на Европското првенство во Ракомет
Хрватска славеше по пресврт против Унгарија, со што ја оствари и третата победа во главната фаза и прво место во Групата 2 / AP

Ракометарите на Данска немаа милост и убедливо со 38:24 ја победија Норвешка, додека со двоцифрена разлика славеше и Шведска во пресметката со Швајцарија, а резултатот на крајот беше 34:21. Со овие два меча, се комплетираше групната фаза од Европското првенство, па веќе се познати и полуфиналните двојки.

Данците во Хернинг одржаа уште една ракометна лекција, овојпат против Норвешка. Интересно е дека норвешка парираше до пред крајот на првиот дел кога беше 17:16 за Данска. Од тој момент, Данска заигра многу подобро и разликата само се зголемуваше. Беше 26:19, а прв пат до двоцифрена предност Данска стигна кога поведе со 32:22, за на крајот да стигне и до највисоки 14 гола предност.

Во Групата 1, ракометарите на Германија ѝ се приклучија на Данска во полуфиналето, триумфирајќи во голем стил во Хернинг над бранителот на титулата Франција (38:34).

Германците имаа предност од самиот почеток на натпреварот и на полувреме заминаа со водство од 19:15, а во продолжението предноста достигна и највисоки плус 5 голови (24:19).

Французите се обидоа резултатски да се вратат во игра, дојдоа во финишот до гол негатива (32:31), но Германија одговори со серија од 4-1 и ја задржа предноста до крајот на дуелот. Франција на тој начин заврши на четвртата позиција, поазди Португалија.

Во Групата 2 Хрватска одигра три фантастични меча во главната фаза и победи на сите три. По триумфите над Швајцарија и Словенија, вечерва Коцкестите со пресврт славеа и над Унгарија, и тоа со 27:25. Со овој триумф Хрватска заврши на првото место во групата.

Коцкестите до победата стигнаа до голем пресврт во второто полувреме. На почетокот од вториот дел Унгарија водеше со 18:14, но потоа следуваше фуриозна игра на Хрватите и со серија од 8:2, поведоа со 22:20. Во драматична завршница Коцкестите ја задржаа предноста и стигнаа до победа вредна полуфинале.

Шведска со 13 разлика ја победи Швајцарија, но на крајот заврши на третото место во групата и на крајот ќе се бори против Португалија за петата позиција на континенталниот собир, последна што води директно на следното Светско првенство.

Завршницата на Европското првенство ќе се игра во Хернинг. Полуфиналињата се закажани за 30 јануари со почеток во 17:45 и 20:30 часот, а претходно, натпреварот за петтото место ќе се игра од 15:00 часот.

Повеќе
Одземање бодови и титули или исфрлање од лигата: Што може да му се случи на Манчестер Сити?
Јане Стефанов, љубител на адреналин и слободен пад од големи височини
Приведени 57 лица по инцидент меѓу навивачи на Хајдук и Ајакс во Сплит
Нов скандал во ФИФА, Инфантино затаил милиони евра?
Дресот на Мајкл Џордан од финалето на НБА во 1998 година продаден за 14 милиони долари
Чеферин ја објави кандидатурата за нов мандат на чело на УЕФА
Навивачите не го сакаат Роналдо во националниот тим
Руанда доби зелено светло за организирање Ф1 трки
Инфантино добива противкандидат- поранешниот швајцарски репрезентативец Рамон Вега
Изабела Зајков се закити со бронзен медал на Светското првенство во самбо во Солун
Формула 1 почна истрага за софтверската грешка која ја поремети трката во Малезија
Кениецот Дерик Чеге Нјорге победник, Дарио Ивановски трет на Виз Ер Скопски маратон 2026
Велешко Горно Оризари домаќин на меѓународна хард ендуро трка
Манчестер Сити ја обжали пресудата дека ги кршел финансиските прописи на Премиер лигата
Џеко против Шведска ќе го одигра последниот натпревар за БиХ утре во Зеница
Роналдо ја напушта репрезентацијата: Време е да им посакам среќа на Португалија и на соиграчите
Премиер лигата ги потврди казните за Манчестер Сити
Поранешниот светски шампион во снукер, Дот, осуден на седум години затвор за педофилија
ФИФА ја обвини УЕФА дека води кампања за дезинформации
Инфантино под нов притисок: Најсилните европски лиги бараат темелна реформа на ФИФА