| Macedonian
РЕГИОН
4 мин читање
Зорлу: Туркије стана земја која се бара и на која ѝ се верува
Зорлу рече дека со последните случувања во светот, Туркије продолжува да презема многу важна историска одговорност на широка географија што се протега од Алтај до Медитеранот и од Јадранот до Кинескиот ѕид
Зорлу: Туркије стана земја која се бара и на која ѝ се верува
Зорлу: Туркије стана земја која се бара и на која ѝ се верува / AA

Заменик-претседателот на Партијата на правдата и развојот (АК Партија) и претседател за односи со туркиските држави, Куршад Зорлу, истакна дека Туркије со силна држава и силен лидерски механизам може со сигурност да гледа кон иднината и рече: „Туркије веќе стана земја што се бара, се очекува и на која ѝ се верува. Затоа, овој период на подем не само во нашето непосредно опкружување, туку и во различни географии каде што Туркије историски презела одговорност, ни отвора нови простори и ни нуди нови можности за соработка“.

Зорлу, во рамки на вториот и последен ден од неговата посета на Северна Македонија, во Скопје се сретна со претседателот на Собранието на Северна Македонија, Африм Гаши.

Заедно со претседателот на Пратеничката група за пријателство Северна Македонија-Туркије, Бејџан Илјас, и турските пратеници, Зорлу оствари средба и во Собранието на Северна Македонија. Потоа учествуваше на тркалезна маса со претседателот на Сојузот на турските невладини организации во Македонија (МАТУСИТЕБ), Тахсин Ибрахим, и претставници на здруженија.

„Сакаме мирот, спокојството и благосостојбата да владеат во нашиот регион“

Во изјава за новинарите, Зорлу рече дека со последните случувања во светот, Туркије продолжува да презема многу важна историска одговорност на широка географија што се протега од Алтај до Медитеранот и од Јадранот до Кинескиот ѕид.

Нагласувајќи дека Туркије ја исполнува оваа одговорност со пристап насочен кон мир, спокојство и благосостојба, Зорлу рече дека ги развива своите сојузништва преку билатерални и мултилатерални соработки.

Зорлу нагласи дека, во согласност со визијата на претседателот Реџеп Таип Ердоган, капацитетот на влијание на Туркије и заемните придобивки во оваа географија укажуваат на нов период.

Тој истакна дека во изминатите два дена во Северна Македонија оствариле контакти со претседателот на Собранието, организации на граѓанското општество, претставници на бизнис-заедницата и други кругови, додавајќи дека турската заедница и нивните сонародници во Северна Македонија претставуваат важна точка на поврзување меѓу двете земји.

Зорлу соопшти дека ги поканиле организациите на граѓанското општество од Северна Македонија на Средбата на граѓанското општество на турскиот свет, што ќе се одржи на 23 јуни во Истанбул, и дека се очекува нивно учество на настанот.

Нагласувајќи дека сакаат економската и логистичката соработка што се протега од Каспиското Море преку Кавказ до Туркије, преку Анадолија да се отвори кон Балканот и понатаму кон западните географии, Зорлу рече: „Сакаме, градејќи мост кон Балканот, пред сè преку Северна Македонија, да допреме до подалечни географии и така да придонесеме мирот, спокојството и благосостојбата да владеат во целиот наш регион.“

„Туркије веќе стана земја што се бара, се очекува, и на која ѝ се верува“

Во рамки на посетата на Северна Македонија, Зорлу учествуваше и на средбата на тема „Местото на Балканот во турскиот свет“, организирана од Турскиот совет на интелектуалци, каде што одржа говор.

Зорлу го започна својот говор пренесувајќи ги поздравите од претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Посочувајќи дека во последниот период во различни географии постојните сојузништва се разнишани, се појавуваат нови области на соработка и човештвото се соочува со нови предизвици, Зорлу рече дека е создадена меѓународна клима во која правилата и вредностите се обликуваат според интервенциите на моќните актери.

„Изјавата ‘Светот е поголем од пет’, на која нашиот претседател долго време укажува и ја нагласува пред светот, претставува најјасно резиме за тоа како се обликува таквиот поредок и што значи тој за нас“, рече Зорлу.

Тој додаде дека Туркије, преку својата дипломатија, им се спротивставува на овие условувања, наметнувања и обиди за насочување врз основа на принципиелен систем на вредности.

Нагласувајќи дека Туркије со силна држава и силен лидерски механизам може со сигурност да гледа кон иднината, Зорлу рече: „Туркије веќе стана земја што се бара, се очекува и на која ѝ се верува. Затоа, овој период на подем не само во нашето непосредно опкружување, туку и во различни географии каде што Туркије историски презела одговорност, ни отвора нови простори и ни нуди нови можности за соработка.“

Зорлу нагласи дека петтемина турски пратеници во Собранието на Северна Македонија за првпат се собрале заедно и дека тоа претставува важен почеток за единството и заедништвото на турската заедница.

Тој истакна дека политичката застапеност на Турците во Северна Македонија треба дополнително да се зајакне во однос на нивниот број во населението и дека Турција ќе продолжи да дава поддршка во таа насока.

Зорлу укажа на значењето на употребата на турскиот јазик како заеднички јазик за комуникација меѓу различните заедници во Северна Македонија, додавајќи дека зачувувањето на турскиот јазик и култура е едно од најголемите чувствителни прашања за Туркије.

На средбите со Зорлу присуствуваа амбасадорот на Туркије во Скопје, Фатих Улусој, претседателот на Пратеничката група за пријателство Туркије-Северна Македонија и пратеник на АК Партија од Бурса, Ахмет Килич, членовите на Централниот одбор за одлучување и управување (МКЈК) на АК Партија, Ахмет Билал Кијмаз и Мехмет Али Курт, како и заменик-претседателот за односи со туркиските држави на АК Партија, Темел Акјурек.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Нови американски напади врз Иран во покраината Хузестан
Десет години, десет гласови: Како 15 јули останува во срцата на турските граѓани
Бурханетин Дуран: Неуспешниот обид за државен удар во 2016 година ја обликуваше иднината на Туркије
Tурскиот министер за одбрана: Духот на неуспешниот пуч треба да ги води идните генерации
Турските системи за борба против дронови ја потврдија својата вредност на Самитот на НАТО во Анкарa
Италија уапси 79 лица во акција против мафијашката мрежа Ндрангета
Трамп: Ормуз е отворен за сите освен за Иран, наместо такса за заштита ќе склучуваме договори
ЕУ ги унапреди пристапните преговори со Украина, Молдавија, Црна Гора и Албанија
Русија: Лансирана ракетата „Сојуз-2.1а“ со новиот екипаж на Меѓународната вселенска станица
Еден од преживеаните од обидот за пуч во Туркије живее со 20 парчиња шрапнел во телото една деценија
Мајка на турски полицаец убиен за време на обидот за пуч во 2016 година: Тагата сè уште е свежа
Радев: На Бугарија „не ѝ е место“ во Коалицијата на волните за Украина
„Нема повлекување“: ТРСК го отфрла „кипарското решение“ на претставникот на ОН, Холгин
Унгарскиот Парламент усвои амандман за смена на претседателот на државата
Поддршката на турската демократија по неуспешниот обид за државен удар во 2016 г. „беше многу важна“