| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Одборот за мир: Нема повлекување на Израел од Газа пред разоружувањето на Хамас
Спротивно на неточните извештаи, повлекувањето на Израелските сили зад „Жолтата линија“ ќе се случи само откако ќе заврши процесот на разоружување, како што Хамас се обврза пред медијаторите, соопшти Одборот за мир
Одборот за мир: Нема повлекување на Израел од Газа пред разоружувањето на Хамас
Од Хамас изјавија дека ќе предадат тешкото оружје само по целосното повлекување на израелските сили од Газа

Одборот за мир, иницијатива предводена од САД, во понеделник изјави дека израелската војска целосно ќе се повлече од Појасот Газа само откако Хамас ќе се разоружи.

„Спротивно на неточните извештаи, повлекувањето на Израелските сили зад „Жолтата линија“ ќе се случи само откако ќе заврши процесот на разоружување, како што Хамас се обврза пред медијаторите“, соопшти Одборот за мир на социјалната мрежа X, додавајќи дека ова вклучува лесно и тешко оружје, како и на мрежата од тунели.

Објавата дојде откако американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела тврдеше дека е постигнат договор за разоружување на палестинското движење на отпорот Хамас. Според планот објавен од Одборот за мир, Хамас ќе го предаде своето оружје на палестинската привремена администрација.

Сепак, од Хамас изјавија дека спроведувањето на планот зависи од прекинот на израелските воени операции во Газа. Групата, исто така, изјави дека ќе предаде тешко оружје само по целосното повлекување на израелските сили од Појасот Газа и воспоставувањето палестинска држава.

Од друга страна, Израел инсистира дека ќе се повлече од Газа само кога Хамас ќе биде целосно разоружан и ја отфрла можноста оружјето сè уште да биде складирано во областа.

Одборот за мир, кој вклучува земји како Аргентина, Унгарија, Албанија, Белорусија, Саудиска Арабија, Катар и Туркије, беше формиран на почетокот на годината за да го спроведе мировниот план за Газа, кој го посредуваше Доналд Трамп.

Иницијативата предизвика многу контроверзии, а повеќето земји од Европската Унија ја сметаат за конкуренција на Обединетите нации и одбија членство во организацијата или прифатија статус на набљудувач.

Повеќе
Трамп ја поздрави рекордната победа на АфД на германските покраински избори
Јужна Кореја со бојкот за јапонскиот комеморативен настан за воените работници трета година по ред
Израел нареди затворање на британскиот Конзулат во Источен Ерусалим
Уапсен поранешниот директор на Државна лотарија Прпарим Бајрами, сам и се предал на полицијата
Туркије со најголем напредок во ОЕЦД во сите три области на рангирање на ПИСА
БиХ протера двајца српски дипломати и се повлекува од декларацијата за регионална соработка
Потпишан Договор за соработка меѓу Македонскиот државен архив и Хрватскиот државен архив
Туркије ќе го зголемува цивилниот одбранбен технолошки потенцијал за да ја намали зависноста
Управата на Панамскиот канал ќе пропише уште построги ограничувања за транзит поради Ел Нињо
Унгарија протера десет руски дипломати, Москва најавува „суров“ одговор
Двајца загинати, десетина повредени во руските напади врз Киев
„Неговото место е во затвор“: Голан се приклучи на критиките кон Нетанјаху
Кошта и Фон дер Лајен: Снимките од погребот на Младиќ беа шокантни
Најмалку двајца Палестинци убиени во најновите израелски напади во Газа
Бенет го обвини Нетанјаху дека ги игнорирал предупредувањата за нападот на Хамас на 7 октомври 2023