| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Започна примената на системот „Безбеден град“ и за странските возила на ГП Табановце
„Со воведувањето на овој механизам се обезбедува еднаков и неселективен пристап во санкционирањето на сообраќајните прекршоци, без оглед дали станува збор за возила со домашни или странски регистарски таблички“.
Започна примената на системот „Безбеден град“ и за странските возила на ГП Табановце
Започна примената на системот „Безбеден град“ и за странските возила на ГП Табановце / َAA

Министерството за внатрешни работи информира дека од вчера започна примената на воспоставениот механизам за постапување со возачите на возила со странски регистарски таблички кај кои системот „Безбеден град“ евидентирал сторен сообраќаен прекршок на територијата на Република Северна Македонија.

Оттаму појаснуваат дека поголемиот број возила кои се појавуваат на граничниот премин Табановце се должи на тоа што станува збор за прв ден од примената на овој механизам, при што се опфаќаат и претходно евидентираните прекршоци.

„На Граничниот премин Табановце, при излез од државата, се појавуваат возила кај кои системот има претходно евидентирано сообраќајни прекршоци. На возачите им се соопштува дека е евидентиран прекршок и им се издава Записник за сторен сообраќаен прекршок со прекршочен платен налог, со можност казната да ја подмират согласно законската постапка“, информира МВР.

Министерството за внатрешни работи презема активности за непречено одвивање на постапката и намалување на задржувањето на патниците.

„Со воведувањето на овој механизам се обезбедува еднаков и неселективен пристап во санкционирањето на сообраќајните прекршоци, без оглед дали станува збор за возила со домашни или странски регистарски таблички“, посочува Министерството.

Од МВР потсетуваат дека „Безбеден град“ претставува значаен инструмент за унапредување на безбедноста во сообраќајот и зголемување на одговорноста кај сите учесници во сообраќајот, и наведуваат дека продолжуваат со имплементацијата на системот, со цел неговата примена постепено да се прошири и на останатите гранични премини во државата.


ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Сиљановска-Давкова: Мора да ја зајакнеме проактивната дипломатија
Јеменските владини сили нападнаа воени позиции на Хутите
Амнести интернешнал: Италија да го прекине договорот со Албанија за притвор на мигранти
Кубанскиот министер Родригез го обвини Рубио за осакатувачките санкции
Ајша Вахаб стана прва конгресменка на САД со потекло од Авганистан
Нови смртоносни израелски напади врз Газа и покрај примирјето
Извештај: Соработник на ЦИА кој се инфилтрирал во Ал Каеда се соочува со депортација од САД
Претседателот на „Бајкар“: Туркије никогаш нема да се откаже од ниедна капка од „Сината татковина“
Туркије со поддршка за Сирија против „дестабилизирачките активности“ на Нетанјаху
Туркије, Египет и Катар ги осудуваат израелските напади во Газа и повикуваат на почитување на прекин
Вештачење: Неспорно е дека на плафонот во „Пулс“ имало полиуретански сунѓер
Францускиот онколог ја нарекува персонализираната вакцина против рак на кожа „вистинска надеж“
Муцунски ги претстави трите стратешки приоритети на македонската дипломатија
Швајцарија усвои нов пакет санкции против Русија
Бројот на убиени во Газа надмина 73.400