Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) денес соопшти дека нејзините сили извршиле напад врз американски радарски систем за рано предупредување во Бахреин и го уништиле, наведувајќи дека тоа е одговор на нападот врз телекомуникациската кула во иранскиот град Сирик.
„Ова претставува сериозно предупредување до непријателот-агресор да престане со своите провокации од воздух и со шверцот на нафта во Ормускиот Теснец. Доколку овие прекршувања и акти на агресија се повторат, Воздухопловните сили на ИРГ целосно се подготвени за неограничено дејствување“, објави иранската државна новинска агенција ИРНА, повикувајќи се на ИРГЦ.
Синоќа, ИРНА, повикувајќи се на официјални извори, објави дека Сирик бил цел на напад од страна на „непријателот“.
Иранските власти често го користат терминот „непријател“ за САД и Израел.
САД и Израел започнаа војна против Иран на 28 февруари, што го натера Техеран да одговори со напади со ракети и беспилотни летала низ регионот, притоа практично затворајќи го Ормускиот Теснец – клучна маршрута за глобалното снабдување со енергенти.
Меморандумот за разбирање, потпишан во јуни со цел да се отвори патот кон конечен мировен договор, подоцна пропадна поради несогласувања, меѓу другото, и околу пловидбата низ теснецот.























