Колку изнесува и каква е поддршката во земјите од регионот за студентскиот оброк? Ова прашање стана актуелно во последните неколку месеци, откако се интензивираа барањата на македонските студенти за зголемување на субвенициониранот оброк кој изнесува 140 денари дневно. Студентите во Албанија од 13 октомври започнаа масовни протести, поради, како што велат, лошата состојба и условите на универзитетите, како и високите трошоци за образование.
Со зголемувањето на инфлацијата, трошоците на студентите поразнаа зачително, поради што се јави потребата, тие да побараат зголемување на финансиската поддршка од државата и подобрување на општите услови.
Форумот за образовни промени (ФОП) поднесе тужба против Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија пред Управниот суд. Како што велат, причината е неусогласувањето на висината на субвенционираниот студентски оброк, за кој велат дека треба да расте во секоја фискална година во согласност со растот на трошоците за живор. Од ФОП сметаат дека зголемувањето на износнот за студентскиот оброк е обврска.
Износот од 140 денари за студентскиот оброк, Министерството за образование го нема направено три фискални години наназад. Според пресметките на Форумот, министерството на 30.000 студенти им должи по 100 евра, а тие бараат ретроактивна исплата на овие средства.
Националното студентско тело во септември оваа година испрати барање до МОН за зголемување на субвенционираниот студентски оброк од 140 на 200 денари.
МОН разгледува нов модел на подршка на студентите, сличен како во Словенија.
„Сакаме да воведемe ваучерски систем со кој студентите ќе можат во одредени угостителски објекти или продажни центри за храна да обезбедат оброк, со субвенцијата. Во досегашните разговорите заклучивме дека тоа би било подобро решение, затоа што во моментов, студентите ја користат оваа субвенција на разни начини, некои за цигари, некои за алкохол, а некои од студентите посегнуваат по некои за општеството неприфатливи решенија“, вели министерката Весна Јаневска во разговор за ИРЛ.
Сублимирано, македонските студенти добиваат 140 денари (2,27 евра) дневно, државна субвенција за купување подготвена храна, од понеделник до сабота.
Каква е состојбата во во другите земји од регионот?
Србија
Регресирани цени во студентските мензи за студентите што ги исполнуваат условите. Вкупната цена за сите три оброка дневно изнесува 266 динари (2,26 евра). Според достапните податоци појадокот чини 56 динари, ручекот 120 динари, а вечерата 90 динари. За самофинансирачките студенти цените се повисоки.
Косово
За академската 2026/2027 година објавена е цена од 35 евра месечно за сместување и храна, од кои 20 евра се за сместување, а 15 евра за храна.
Албанија
Во Албанија нема утврден единствен износ за студентска поддршка на национално ниво. Поддршката се разликува во зависност од категорија на студенти и регионите. Постои стдентската картичка која им овозможува на универзитетските студенти различни попусти.
Црна Гора
Вкупната цена на исхраната за студентите корисници на претплатена исхрана во студентските домови изнесува 79 евра месечно. Од таа сума, студентите плаќаат 31,50 евра, а државата субвенционира 47.50 евра.
Босна и Херцеговина
Не постои единствен државен надмост за студентскиот оброк кој на студентите им се исплаќа на ист начин. Надоместокот се разликува во зависност од кантоните низ државата. Во Сараево редовниет студенти во студентски дом остваруваат субвенционирана цена за сместување и исхрана. Партиципацијата на кантонот изнесува 219 КМ (112 евра) месечно за студент, тоа е субвенција за трошоците на домот, а не се средства кои му се исплаќаат на студентот.
Хрватска
Студентите имаат субвенционирана цена во износ од 0,86 евра по оброк, што ја плаќа студентот во системот на студентски ресторани. Владата ја задржа оваа цена и за периодот од 1 октомври 2026 до 30 септември 2027 година.
Словенија
Во Словенија студентите имаат по 5,19 евра државна субвенција за еден оброк дневно. Износот е зголемен од 5,05 на 5,19 евра од 1 март 2026 година.






















