Романската армија неутрализирала дрон што претставувал закана за пловидбата во Црното Море

Турскиот МНР Хакан Фидан денесла разговараше со генсекот на НАТО, Марк Руте, откако Анкара изрази загриженост во врска со нападите врз бродови поврзани со Русија во економската зона на Туркије, за која Украина ја презеде одговорноста

By
Oд февруари 2022 година до денес се обезбедени услови за безбедна пловидба за повеќе од 12.000 трговски бродови што поминале низ Црното Море / Reuters

Романската армија неутрализирала поморски дрон што претставувал опасност за пловидбата во Црното Море, објави романското Министерство за одбрана.

Според министерството, војниците го истражувале подрачјето 36 наутички милји источно од Констанц и утврдиле дека станува збор за дрон од типот Морско бебе (Sea Baby), а објектот бил уништен со контролирана детонација, објави Ројтерс.

Специјализирани војници на романските морнарички сили, задолжени за неутрализирање на експлозивни направи, ја извршиле мисијата по барање на крајбрежната стража.

Во соопштението на Министерството за одбрана се наведува дека од февруари 2022 година до денес се обезбедени услови за безбедна пловидба за повеќе од 12.000 трговски бродови што поминале низ Црното Море, според локалните медиуми.

Исто така, во последните речиси четири години, во Црното Море се неутрализирани околу 150 морски мини, од кои седум се уништени од романската морнарица.

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, пак, денес разговараше со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за безбедноста на Црното Море, објави извор од турското Министерство за надворешни работи.

Средбата се одржала откако Анкара изрази загриженост во врска со нападите врз бродови поврзани со Русија во економската зона на Туркије, за која Украина ја презеде одговорноста.

Рускиот претседател Владимир Путин одговори со закана дека ќе го ограничи пристапот на Украина до морето и ќе ги интензивира нападите врз украинските објекти и бродови, вклучително и мерки против танкери од земји кои ѝ помагаат на Украина.