| Macedonian
Гугл го лансираше новиот ВИ модел Аргон преку партнерите за сајбер безбедност
Моделот е дизајниран да поддржува процеси на длабоко расудување при извршување сложени задачи во софтверското инженерство, правните и финансиските операции, како и во сајбер-безбедноста
Гугл го лансираше новиот ВИ модел Аргон преку партнерите за сајбер безбедност
Гугл го лансираше новиот ВИ модел Аргон преку партнерите за сајбер безбедност

Гугл го претстави Џемини 4 Аргон, нов напреден модел на вештачка интелигенција (ВИ), и започна со негово воведување кај доверливи партнери од областа на сајбер-безбедноста пред поширокото лансирање.

Моделот е дизајниран да поддржува процеси на длабоко расудување при извршување сложени задачи во софтверското инженерство, правните и финансиските операции, како и во сајбер-безбедноста, соопшти компанијата.

„Денес го претставуваме нашиот нов напреден модел, Џемини 4 Аргон“, напиша Корај Кавукџуоглу, виш потпретседател во Дип Мајнд и главен архитект за вештачка интелигенција во Гугл.

Првичниот пристап до моделот се овозможува преку програмата „Фервинд“ на Гугл. Компанијата учествува во доброволен процес на американската влада во врска со пристапот до моделите пред нивното официјално лансирање.

Гугл планира да го направи Аргон достапен за програмерите, бизнисите и крајните корисници „што е можно поскоро“, истовремено собирајќи повратни информации и усовршувајќи ги безбедносните механизми.

Компанијата наведе дека Аргон може самостојно да идентификува, потврди и отстрани критични софтверски ранливости.

Гугл го зголемува капацитетот на излезни податоци на моделот од 64.000 на еден милион токени, овозможувајќи пообемни процеси на расудување и генерирање содржина.

Илјадници вработени во Гугл веќе го користат Аргон за специјализирано програмирање, истражување и пишување, соопшти компанијата.

Повеќе
Јужноафриканската правничка Нави Пилеј ја доби Нобеловата награда за мир за 2026 година
Црна Гора: Уапсени пет лица во операција против руската информативна мрежа „Рибар“
Иран и САД размениле нови предлози за преговори, му рекол Пезешкијан на Путин во Туркменистан
Израел уби седум Палестинци во вчерашните напади низ Газа
Хрватска: Уапсени неколку лица под сомнение за организиран криминал и нелегално отстранување отпад
САД ќе ja емитуваат во живо егзекуција на напаѓачот од Форт Худ од стрелачки одред
Најмалку 10 загинати и 16 повредени при бунт во затвор во Мексико
Франција одговори на училишните протести со ветување за 3.000 дополнителни наставници
Извозот на Туркије во балканските земји во периодот јануари-септември речиси 19 милијарди долари
Агенти на ИЦE застрелале човек во автомобил со дете во Њујорк
Фидан: Одбранбениот пакт од Мека не дозволува напади врз други земји
Претседателите на Иран и Русија разговараа за унапредување на стратешката соработка
Мексико ќе истражува дали припадници на нарко-картели војуваат во Украина
Русија бара екстрадиција за членовите на МКС кои ги судеше во отсуство
Нетанјаху манипулирал со предупредувањата пред 7 октомври за да го заштити својот углед